19 Декември, 2025
0.2626

Заврши големата хуманитарна акција на „Бимилк“ и „Тинекс“

Објавено во: Мои пари 10 Март, 2014 18:26

Добивај вести на Viber

Големата донаторска акција на Бимилк и Тинекс под мотото „Хуманоста е важна“ се заокружи денеска. Со акцијата, за помош на децата и младите со посебни потреби се собраа 152.942,00 денари. Собраните средства ќе бидат рамномерно искористени за купување на материјални средства и помагала за подобрување на животот на децата и младите со посебни потреби во Заводот за деца и млади “Топанско поле“ – Скопје и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ од Битола. Акцијата започна на 10.02.2014 и траеше сè до денес, а овозможи од секое продадено Битолско трајно млеко во Тинекс маркетите низ целата држава (Битолско млеко 3,2%, Битолско млеко 2,8%, Битолско млеко со 10 витамини или Битолско light млеко 0,9%), да бидат издвојувани средства наменети за хуманитарна донација и тоа за јавни установи или ранлива категорија на граѓани. Ова е уште една во редот на хуманитарните активности под платформата „Хуманоста е важна“, преку која Бимилк и Тинекс минатата година обезбедија средства за подобрување на животот на децата и младите во установите - ДСУ за рехабилитација и образование “Наум Охридски“ и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов“. „Колку чинот на помагање го практикуваме во текот на целата година“ – е прашањето кое ги покрена двете домашни компании Бимилк и Тинекс за почетокот на иницијатива која со текот на времето се повеќе ќе се проширува. Се работи за нов пристап кон прашањето за хуманоста и чинот на хуманост, а тоа е дека треба да бидеме хумани преку цела година. „Како општествено одговорна компанија, како и досега така и понатаму, ќе бидеме насочени кон пронаоѓање начини за помош и решавање на проблемите во сите сегменти на нашето опкружување, особено за оние на кои им е најнеопходна нашата помош“, истакна Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии