Заврши распитот за осомничени во „Труст“, се чека одлука за притворот
Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 17:31
Управителот на фирмата „Силекс Неметали“ Василие Авировиќ, осомничен во случајот Труст на СЈО, по три часа распит го напушти судот.
Речиси истото време во распит го помина и првоосомничениот Сеад Кочан, кој моментално е сопственик на телевизијата НОВА, а претходно беше управител на градежната компанија „Трансмет“. Ниту двајцата по излегувањето од судот не сакаа да даваат изјави за медиумите.
Од судот велат дека решението со одлуката најпрво ќе биде доставена до странките а потоа и до медиумите.
По распитот Судот треба да соопшти дали ги прифаќа мерките на СЈО коишто побараа притвор и други мерки за обезбедување. Доколку Судот не ги прифати мерките, СЈО има право да се жали во рок од 24 часа до Кривичниот совет на Судот, кој пак има 48 часа рок да одлучи дали ќе ја прифати жалбата на обвинителството.
Во случајот „Труст“ осомничени се три правни и три физички лица, а третоосомничен е управителот од фирмата „Вато“ од Студеничани. Тие се товарат дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол.
Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




