Заврши сезоната за наводнување во Тиквешко
Објавено во: Агробизнис
19 Октомври, 2012
Добивај вести на Viber
Водостопанство „Тиквеш“ од Кавадарци за време на сезоната за наводнување успело со вода за наводнување да ги задоволи потребите за површина од околу девет илјади хектари со најразлични земјоделски култури.
Ова е една од најуспешните полевни сезони, изјави техничкиот директор на претпријатието Илија Темелковски кој додаде дека системот за водоснабдување функционирал беспрекорно.
- Во текот на сезоната имаше само два кратки прекини за чистење на каналите од алгите кои годинава ги имаше во зголемени количини заради топлото време, рече Темелковски додавајќи дека тоа воопшто не го пореметило ритамот на наводнување во Тиквешијата. - Од 12 илјади хектари земјоделска површина со најразлични земјоделски култури со вода успеавме да задоволиме површина од околу девет илјади хектари. Тоа е висок процент на застапенот на наводнувањето како агротехничка мерка. Во тој однос нашиот систем е меѓу најдобрите во земјава, вели тој. Тоа, сопред него, поттикнува на натамошно вложување средства за одржување и развој на системот со цел наводнување и на дополнителни земјоделски површини.
Темелковски соопшти дека во делот на заштедата на водата претпријатието вовело стимулирање при плаќањето и оти ова се однесува на корисниците кои наводнуваат преку систем „капка по капка”.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.