02 Декември, 2024
0.0788

ЗАВРШИ ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА ВО РУСИЈА: Загинаа четворица затворски чувари

Објавено во: Свет 23 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Заврши заложничката драма во рускиот затвор во Волгоград. Има осум мртви, а специјалците ги убија киднаперите. Загинаа и четири затворски чувари. 

Руската национална гарда информираше дека откако безбедносните сили успеале да влезат во затворот нејзините снајперисти убиле четворица киднапери.

Заложничката криза конкретно се случуваше во казнената колонија бр. 19 во градот Суровикино во регионот Волгоград, кој важи за затвор со максимално ниво на безбедност.

Киднаперите, кои биле затвореници во затворот, претходно наводно со нож извршиле напад врз чуварите, а дел од службениците ги држеле како заложници.

„Сторителите им нанеле убодни рани од различни видови на четворица вработени во затворот, од кои тројца починале. Останатите четворица, кои дале отпор, беа хоспитализирани, а еден од нив починал во болница“, се вели во соопштението на ФСИН, во кое се додава дека четворица други затвореници исто така се ранети во заложничката криза.

Еден од каналите на Телеграм ги идентификуваше затворениците и наведе дека двајца се од Узбекистан, а двајца од Таџикистан. Тројца од нив отслужувале казна за недозволени наркотици, а еден за сериозно оштетување на туѓото здравје.

Медиумите пишуваат дека на локацијата дошол и имамот на регионот на Волгоград за да преговара со киднаперите.

Ова е втор пат летово да има заложничка криза во руски затвор. Во јуни сличен настан имаше во Ростов на Дон. 

За време на таа заложничка драма беа убиени пет киднапери, а двајца заложници беа ранети.

Во муслиманскиот регион Дагестан, во јуни, во престрелки имаше најмалку 20 загинати. 

Во март имаше терористички напад во салата Крокус во Москва, каде загинаа над 140 луѓе, а нападот во извршија Таџикистанци. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото