ЗАВРШИЈА ВЕШТАЧЕЊАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ И ОНКОЛОГИЈА - Коцевски потенцира дека трошоците се зголемени
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2025 13:04
Завршија вештачењата за предметите поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и за Клиниката за Онкологија, објави Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Тој ја повтори својата оценка во однос на буџетот на Јавното обвинителство изенесена во неговото обраќање на вчерашното продолжение на седницата на собрансиката Комисија за финансирање и буџет на која се расправа за ребалансот на Буџетот, дека вештачењата за Онкологија и за случајот за трагедијата во Кочани се мошне голем финансиски товар за обвинителството, бидејќи се работени во друга држава.
- Сите оние вештачења кои се однесуваат за Кочани и кои се однесуваат за Онкологија веќе се изработени. Колку што имам информации за предметот Онкологија веќе е закажана главна расправа.
Меѓутоа тие вештачења имаат одредени трошоци коишто се да речам вонредени трошоци имајќи во предвид дека се многу скапи со оглед дека се работи за вештачење во друга држава - рече Коцевски.
Во однос на предметот за трегедијата во Кочани, кој со одлука на Врховен беше доставен на оценка до Кривичниот суд во Скопје, тој кажа дека се уште се очекува оценка на обвинителниот акт, како и дека се размислува од страна на Републичкото обвинителство да се одлучи и по однос на надлежноста дали да остане ЈО Кочани или да се делегира на ЈО Скопје, со оглед за постапување по евентуалните жалби.
- Очекуваме обвинителниот акт да стапи на сила. Судот ќе изврши оценка на истиот, со тоа што сега од наша страна размислуваме дали ЈО треба да делегира друго ЈО имајќи предвид дека Врховниот суд одлучи дека ќе биде надлежен Основниот кривичен суд Скопје, со тоа што проблем, ако нема делегирање, ќе биде по жалби кој ќе одлучува, дали предметот ќе се доставува до Апелациониот суд Скопје, што и така треба, меѓутоа дали мислење ќе дава Вишото ЈО Скопје или Вишото ЈО Штип.
Тоа останува на ЈО, односно на мене како Државен јавен обвинител да одлучам во однос на делегирањето на ЈО - рече Коцевски.
Засега, Коцевски рече, дека Судот се уште нема закажано ден за испитување на обвинителниот акт и дека, засега се уште е надлежно ЈО во Кочани, и предметот од Кочани е доставен до Основниот Кривичен Суд Скопје.
За предметот во Обвинителството за организиран криминал и корупција околу полициските службеници, тој кажа дека предметот е се уште во истрага, и очекува некаде околу септември годинава таа да заврши.
- Таму предметот е се уште во истрага, со оглед дека нема притвор, има и законски рок за истрагата. Така да, се надеваме негде таму околу, да не дадам сега конкретни датуми, меѓутоа сигурно околу септември ќе се заврши истрагата, и тој предмет ќе се води во ОЈО за организиран криминал, со оглед дека тука нема проблем, надлежно ќе биде Кривичниот основен суд Скопје - рече Коцевски.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




