05 Декември, 2025
0.0385

ЗАВРШУВА КАРАНТИНОТ НА ЧЕШКА: Прво пазарите и занаетчиите, следуваат кафаните

Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Април, 2020 10:12

Добивај вести на Viber

Чешката Влада од понеделник, 20. април ќе ги отвори зелените пазари и занаетчиските дуќани, а од 25. Мај, за јавноста ќе бидат повторно отворени музеите, галерииите, зоолошките градини, и последниот трет чекор на олабавување на мерките ќе се случи на 8. јуни кога ќе бидат отворени големите трговски ценри.

–Бизнис активностите ги поделивме во неколку групи. Од понеделник почнуваат со работа занаетчиите, продажбата на половни возила, како и зелените пазари. Дозволени ќе бидат спортските активности за професионалните спортисти, како и свадбите но со присуство на само 10 луѓе. Една недела подоцна, на 27. април ќе ги отвориме сите дуќани кои не се во склоп на трговски центри, значи кои имаат влез на улива, соопшти чешкиот министер за трговија, Карел Хавличек.

Кафулињата, рестораните, кината и манифестации до 50 луѓе ќе биде дозволено од 25. мај. Сепак, министерот нагласува дека овој план за ослободување од рестриктивните меркиќе важи само доколку пандемијата на вирусот ја совладуваат исто како и до сега. Чешка нема да ги отвора своите граници пред јуни, но министерот за здравство, Адам Војтех вели дека во оправдани случаи може да се посети роднина или некој најблизок во странство, но по враќањето е задолжителна две неделна самоизолација. Во Чешка има 6.111 заразени со вирусот, направени се 131.542 тестови, а починаа 161 пациент.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите