ЗБОГУМ НА ЗИМАТА, НО ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЌЕ ИМА ВЕЌЕ ОД УТРЕ: Попоски за неделва што следи – „силен јужен ветер, невреме и високи температури“
Објавено во: Македонија 10 Март, 2024 09:14
Метеопрогнозерот
Славчо Попоски за неделава што е пред нас најавува големи промени. Утре и во вторник,
и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот, како што вели, ќе има
нови обилни врнежи од дожд, проследени со грмежи. Ќе дува засилен,
повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70
км/час).
-Локално можни се поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме, а можна е и појава на град. Остануваат релативно високите температури и покрај очекуваната нестабилност и врнежи. Судејќи според моменталните анализи, до крајот на март не очекуваме некое поголемо заладување на времето, што значи дека можеме да и кажеме збогум на зимата. И доколку дојде до некој постуден продор од север, и тој не би бил многу изразен, туку минимален.
Во ваков случај, земјоделците и овоштарите да бидат без гајле и да не се мислат, поради тоа што не постои никаква опасност од премрзнување на земјоделските култури и овошките кои се во фаза на цутење.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




