18 Декември, 2025
0.0535

Здравствен дом Скопје се подготвува за вакцинацијата против Ковид-19: Ќе се распишат тендери за медицински фрижидери

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2020 07:16

Добивај вести на Viber

Македонија целосно се подготвува за имунизацијата против корона вирусот. Здравствените власти очекуваат вакцината да пристигне во земјава некаде во март, а во овие три месеци се прави целосна подготовка за непречено да отпочне овој процес.

Директорот на Здравствен дом Скопје, д-р. Виктор Исјановски за Фактор изјави дека најважно од се е чувањето на вакцината, а за вакцината на Фајзер и Бионтек, која мора да се чува на -70 степени, ќе набават медицински фрижидери.

-Здравствен дом Скопје ќе распише 10 тендери за медицински фрижидери, бидејќи тие се од исклучително значење за вакцината на Фајзер. Инаку, што се однеусува до тимовите кои ќе ја спроведуваат имунизацијата, станува збор за искусни сестри и доктори кои ги имаме. Ние ќе бидеме целосно подготвени до моментот до кога се очекува вакцината против корона вирусот да пристигне во Македонија, а тоа нема да биде пред март. Значи имаме цели три месеци да испланираме како ќе тече целиот процес, вели д-р. Исјановски За Фактор.

Смета дека можеби ќе бидат потребни и повеќе вакцини од тоа што е засега планирано, особено ако услов за да се патува во странство биде токму вакцинацијата против Ковид-19.

-Што доколку Грција рече дека мора секој кој ќе влезе во земјата да биде вакциниран, или на пример Хрватска, сите ќе сакаат да ја примат вакцината, дури и антиваксерите. Како и да е, Министерството за здравство, но и премиерот претходно најавија дека е планирано да се набават 2.4 милиони дози за 60 до 70 проценти од населението, но за почеток ги очекуваме оние 833.000 дози, вели д-р. Исјановски.

Инаку, министерот за здравство д-р Венко Филипче во текот на вчерашниот ден соопшти дека компанијата Фајзер, која произведува вакцина за Ковид 19, одговорила на дописот на Министерството за здравство дека може да отпочнат директни преговори за набавка на вакцина од компанијата производител. Во гостување во емисијата Магазин на телевизија Сител, Филипче рече дека нашата земја освен набавка на вакцини преку Ковакс механизмот, стапи и во директна комуникација со Фајзер и Астра Зенека за набавка на дополнителна доза вакцини за вакцинација и ревакцинација на граѓаните.

- Оваа недела очекуваме одговор и од Астра Зенека што ќе значи дека преку овој механизам со директна комуникација со комапаниите производители ќе преговараме за да обезбедиме дополнителна количина на вакцини. Третиот механизам, е преку земјите членки од ЕУ, заради тоа што во нивните договори освен за нивните граѓани, имаат една количина која е наменета за останатите земји кои не се членки на ЕУ - рече Филипче.

Истовремено, тој појасни дека веќе е формирано специјално координативно тело кое ги анализира сите аспекти на вакцинацијата - прием,чување, дистрибуција и практичната апликација на граѓаните.

- Процесот на дистрибуција ќе биде еднаков какои сега за сите други вакцини, до сите ЈЗУ-а кои имаат пунктови за вакцинација. Тоа ќе бидат здравствените домови, центрите за јавно здравје и болниците. Лекарите, здравствениот персонал, медицинските сестри, сите вработени кои што треба да се вакцинираат ќе се вакцинираат на местата каде што работат. Вакцинацијата ќе ја спроведат веќе искусни лекари и медицински сестри за кои ќе бидат направени дополнителни обуки, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери