16 Декември, 2025
0.0397

Здравствен туризам: Бугарија го полни буџетот, дали Македонија доцни?

Објавено во: Балкан 24 Декември, 2013 08:13

Добивај вести на Viber

Се повеќе расте бројот на странски државјани кои одат на лекување во Бугарија, покажуваат резултатите на бугарскиот оддел за здравствен туризам. Статистиката покажува дека и покрај кризата во голабален план здравствениот туризам во Бугарија се развива со исклучително брзо темпо. Најголем дел од овие туристи се од земјите од ЕУ, на прво место се жителите на Велика Британија, по неа Германците, Италијаните, Ирците, здравствените туристи од Австрија, но и од САД и Русија. Предноста, оценуваат од бугарскиот оддел за здравствен туризам, на Бугарија пред другите земји се ниските цени на услугите во здравството, брзината и високиот квалитет. Според  Д-р Венцислав Стоев на многу високо ниво во Бугарија се офталмологијата, ортопедијата и целата инванзивна хирургија.
„ Во земја како Бугарија, каде има 234 минерални извори, неверојатно убави прородни богатства и модерни хотели, се уште нема координација во односот на лекувањето на странците. Многу е чудно, затоа што туризмот се развива прогресивно, секоја година доаѓаат се повеќе странци, но само во летото или само во зимата, а здравствениот туризам претпочита посети на лица во текот на целата година.
За да се развие дополнително овој вид на туризам, бугарските експерти посочуваат дека е многу вано да се направат редица од законски измени, но и потези од страна на власта за претставување на земјата на меѓународно ниво. Ниските цени на здравствените услуги во Македонија пак ги превлекуваат пациентите од Грција. Стоматологијата како приватен сектор од здраствениот систем е најкористен во пограничните региони. Ако прошетате во Гевгелија или пак во Битола веројатно нема да наидете на стоматолошка ординација на која услугите не се запишани и на грчки јазик. Покрај соседите од Грција, многу често услугите на македонскиот здравствен систем ги користат и жителите на најмладата држава на Балканот – Косово. К.К

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени