ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРЕГЛЕДИ СЕ ВРАЌААТ ВО НОРМАЛА: Во поликлиниките повторно трета смена за магнетна резонанца и мамографија
Објавено во: Македонија 27 Август, 2020
И покрај сè уште
трицифрените бројки на новозаразени од корона вирусот, во Македонија
здравствените власти уверуваат дека состојбата е стабилна, а со тоа полека
почнува да се враќа во нормала целиот здравствен систем. Од септември граѓаните
имаат можност да закажуваат „Мој термин“, кој досега поради вонредната состојба
не функционираше. И Здравствен дом-Скопје, со сите негови служби, Итната
медицинска помош, прераспределбата на интернисти во останатите градови во
земјава како дополнување и помош на инфективните одделенија во болниците надвор
од Скопје почнува да функционира исто како и пред епидемијата.
Во разговор за Фактор, директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски вели дека во ниту еден момент прегледите во скопските поликлиники не престанале, напротив, појаснува тој, постојано работеа и со дополнителни дежурни служби, но сега главната новина се однесува на повторното воведување на третата смена за магнетна резонанца во поликлиниката Чаир.
-Третите смени за правење магнетна резонанца моравме да ги укинеме поради вонредната состојба која беше воведена во Македонија заради епидемијата на Ковид-19, односно заради полицискиот час, бидејќи тие прегледи се вршат од 19.00 до 23.00 часот, а во тој период беше забрането движење за сите граѓани. Инаку, побарувањата за ваквите прегледи се навистина огромни и не станува збор само за пациенти од Скопје, туку и од сите останати градови во Македонија. Можам да кажам дека 70 отсто од пациентите се од Скопје, а 30 проценти доаѓаат не само од најблиските градови, Куманово, Тетово, Велес, туки има и пациенти од Струмица, Гевгелија, Охрид, Делчево...Затоа уште лани донесовме одлука за трета со цел да се намали и чекањето за ваквите прегледи. Во текот на 2019, во првата половина, магнетна резонанца направиле 1.523 пациенти, а во втората половина 1.400, што на месечно ниво е некаде околу 250 пациенти, вели д-р. Исјановски.
Тој појаснува дека и апаратот за магнетна резонанца и апаратот за мамографијата се нови современи дигитални апарати со кои се прават навистина квалитетни прегледи.
Освен тоа, за прв пат оваа година, бесплатно се вакцинираат студентите од петта година на Медицинскиот факултет против Хепатитис Б, а во тек е примањето на тертата доза за околу 130 студенти.
-Како здравствени власти одлучивме студентите по медицина кои се во постојан контакт со пациенти се изложени на ризик, да ги заштитиме, односно да ги вакцинираме против Хепатитис Б. Во поликлиниката Букурешт, распределени во неколку групи, се спроведува имунизацијата на 130 студенти кои веќе ја примаат третата доза, појаснува д-р. Исјановски.
Што се однесува, пак до вакцината против сезонскиот грип, се чека нејзина дистрибуција, а се отвораат и дополнителни пунктови. Д-р. Исјановски вели дека до лани имало само три пункта каде се давала вакцината против сеозонскит грип, а оваа година граѓаните кои ќе сакаат да се заштитат ќе имаат можност да ја примат на повеќе поликлиники во Скопје.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.