18 Декември, 2025
0.1335

Здравствените власти ја анализираат состојбата: Не ја исклучуваат можноста и за полициски час

Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2020 11:37

Добивај вести на Viber

Здравствените власти во текот на неделава најдетално ќе ја анализираат епидемилошката состојба, а во случај актуелните мерки да не ги дадат потребните резултати, не ја исклучуваат можноста за воведување на најригорозната рестриктивна мерка, полицискиот час.

Ова неколкупати досега во јавноста го кажуваше и самиот министер за здравство, Венко Филипче, но целта е да се даде шанса на сегашниве мерки да доведат до намалување на трансмисијата на вирусот.

-Во случај епидемиолошката состојба и понатаму да се влошува, секако дека би морале да постапиме построго. Крајната мерка е полициски час, кој би претставувал ограничување на движењето на граѓаните од 21 до 05 часот наутро. Во моментов, и покрај загрижувачките бројки на новозаразени, и покрај исполнетите болнички капацитети, и покрај големата смртност, а во крајна граница и покрај исцрпениот и дефицитарен медицински кадар, се уште има голема раздвиженост во вечерните часови. Освен кафеаните, рестораните, односно сите угостителски објекти, се друго работи. Луѓето се собираат во обложувалници, работат бурекџилници, сендвичарници, вусшност се работи. Ние, како здравствени власти, секако се надеваме дека нема да бидеме приморани да го воведеме непопуларниот полициски час, велат извори на Фактор од Комисијата за заразни болести.

Инаку, со досегашното темпо на искачување на епидемиолошката крива, во земјава во моментов има повеќе од 15.000 активни случаи, а во болниците се хоспитализирани 973 пациенти кои се лекуваат од Ковид-19.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија