ЗДРУЖЕНИЕ САКАМ ДА РАБОТАМ: АНТИКОЦКАЊЕ ГИ СИМНАА МАСКИТЕ!
Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2023
Во предизборната кампања што се води против легалните игри на среќа очигледно се тргнаа маските. Денес, претставник на „Антикоцкање“ од Тетово, јавно потврди дека нивната цел е затворање на легалните објекти за игри на среќа. Со ова тие и отворено се ставија во служба на одредени центри на моќ, кои имаат бизнис интерес да се протуркаат противуставните измени за Законот за игри на среќа по секоја цена.
Продолжуваат со ширење невистини, манипулации со верските чувства на граѓаните, со сеење страв да се обидуваат да внесат немир кај родителите на учениците за да вршат уште пожесток притисок врз државните институции, политичките партии и закуподавачите на објектите, со цел да ја истуркаат нивната матна агенда. Параван зад нивните вистински намери е наводната грижа за учениците. Скандалозно е што најавија дека стануваат дел од претстојната предизборна кампања. Небаре се политичка партија!
ДАЛИ ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ СВЕСНИ ДЕКА СО ГЛАСАЊЕТО НА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА ДРЖАВАТА Е НА ЧЕКОР ДО НОВ „ДЕТОНАТОР“, СКАНДАЛОТ ОД 2011, КОГА ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ 1 500 ПОКЕР АПАРАТИ ПОСТАВЕНИ ВО ОБЈЕКТИ НА ДИВО?
Од „Антикоцкање“ ја кријат вистината зошто после четири години од забраната, Албанската Влада се пишмани и повторно дозволи да се организираат игри на среќа. Клучниот аргумент на Албанскиот Премиер е дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе и помогне на албанската економија.
Бидејќи од „Антикоцкање“ никогаш не одговорија колку чинат и кој им ги покрива трошоците за дизајнот и изработката напретходните пропагандни материјали, со право ги нарекуваме „Група ЗА играње на црно“.
Згрозени и вознемирени сме од приземните конструкции. И меѓу нас вработените во игрите на среќа има родители на ученици. Никој од нас не може да работи на штета на младината.
Апелираме до Владата и Собранието да отворат четири очи и да внимаваат да не паднат во замката што им се мести. Ваквите измени на Законот за игри на среќа ќе предизвика страшни последици. Штета што ќе се причини, многу долго нема да може да се санира. Затворањето на легалните игри на среќа секаде каде се спроведе предизвика играње на црно по подруми без ред и поредок. Државниот Буџет ќе остане без годишни приходи од 280 милиони евра.
„САКАМ ДА РАБОТАМ“ нема да дозволи некој да си поигрува со судбината на 10 илјади вработени заради политички, лични и бизнис интереси. Подготвени да си го браниме нашето уставно право на работен однос со масовни протести пред сите надлежни институции. Ние не сме и нема да дозволиме да бидеме на менито на предизборните препукувања на политичките и бизнис центри на моќ!
ЗДРУЖЕНИЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ИГРИ НА СРЕЌА
САКАМ ДА РАБОТАМ
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.