05 Декември, 2025
0.0292

Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска донира опрема на ЈЗУ Институт за физикална медицина и рехабилитација

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2025 13:02

Добивај вести на Viber

Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со уште една донација.Oвој пат се работи за мултифинкционални маси за вежбање на рацете, наменети за Институтот за физикална медицина и рехабилитација, институција посветена на подобрување на квалитетот на животот кај пациентите на кои им е потребна физичка рехабилитација и услуги за долгорочно закрепнување. Намената на овие маси е да се подобри опсегот на движење на зглобовите на рацете, мускулната сила и издржливост, функцијата на раката и координацијата рака-око, проприоцепцијата на раката може ефикасно да се подобри и може да се промовира интеракцијата помеѓу различните мускулни групи на раката.

Донираната опрема е насочена кон подобрување на удобноста, безбедноста и резултатите од третманот на пациентите. Овој придонес директно ќе им користи на напорите на центарот да го прошири својот капацитет и да обезбеди подобренa грижа за лицата кои се подложени на рехабилитација. Опремата има голем опсег на примена и тоа при невролошка рехабилитација, ортопедска рехабилитација, детска рехабилитација, рехабилитација за лица со попреченост, геријатриска рехабилитација, рехабилитација по спортска медицина, ментална рехабилитација итн. Први кои што имаа можност да ги користат овие мултифункционални маси беа дел од лицата кои беа повредени во пожарот во Кочани.

„Ние сме посветени на поддршка на здравствените институции кои обезбедуваат услуги што го менуваат животот во нашата заедница. Со оваа донација наменета за Институтот за физикална медицина и рехабилитација се надеваме дека ќе придонесеме кон нивната мисија и ќе им помогнеме повеќе пациенти да добијат квалитетната грижа.“, истакна Бранка Џајковска од Фондацијата д-р Верица Механџиска.

Директорот на Институтот за физикална медицина и рехабилитација д-р Злате Мехмедовиќ изрази благодарност за донацијата, нагласувајќи го влијанието што ќе го има и врз пациентите и врз медицинскиот персонал. Д-р Мехмедовиќ истакна и дека оваа институција третира 20 000 пациенти годишно, а реалната бројка на пациенти кои имаат потреба од нивните услуги е многу поголема. Благодарение на донациите од овој тип, поголем број на пациенти ќе имаат можност да ја добијат потребната помош побрзо и поефикасно.

Беше нагласена и важноста од општествена одговорност на компаниите и влијанието што го има врз развојот на здравствениот систем.  

Оваа иницијатива ја одразува континуираната посветеност на Зегин за зајакнување на здравствената инфраструктура и постојаната поддршка на заедницата.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници