18 Декември, 2025
0.0584

ЗЕЈТИНОТ СЕПАК ЌЕ ПОСКАПИ ДО 110 ДЕНАРИ, тврди првата инспекторка Симеска Димоска

Објавено во: Македонија 19 Март, 2022 07:25

Добивај вести на Viber

Зависно од производителот, зависно од тоа дали имаме пакувања од 0,8 литри, 0,9 или еден литар, цената на маслото за јадење во наредниот период очекуваме да се движи максимално до 110 денари, рече директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска-Димоска, во интервју за „360 степени“ кое се емитуваше на Алсат ТВ, а во врска со движењето на цените на маслото за јадење во малопродажба.

„Во моментов, цената на зејтинот е формирана врз основа на тоа што Владата донесе одлука продажната цена на маслото кај трговците на мало да е еднаква со набавната цена кај трговците на големо, така што таа цена што денес е на рафтовите или, како што кажувате 94 денари, всушност, е набавната цена што ја даваат трговците на големо“, објасни директорката на ДПИ.

Како што рече Симеска-Димоска, ова најверојатно се резерви што трговците ги имаат направено од претходно и затоа маслото за јадење во моментов се продава по набавна цена од 94 денари по литар, но, како што посочи и самата, смета дека со одмрзнувањето на цените од 1 март трговците на големо имаат можност да ги пресметаат и оперативните трошоци во набавната цена, а кои се сега повисоки поради поскапувањето на енергенсите.

„Според нашите информации и сознанија што ги имаме и она што го утврдивме, цената на маслото за јадење нема да е многу повисока од онаа што е сега, значи околу десетина проценти од ова што е сега утврдено, бидејќи само дополнително на ова ќе се вкалкулираат трошоците“, рече Симеска-Димоска и додаде оти цената на маслото би достигнала максимална цена од 110 денари

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија