15 Јануари, 2025
0.0298

Зеќири: АЕК троши на скандалозни забави, а третина Македонија живее во сиромаштија!

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Ордановски да си поднесе оставка, бидејќи за новогодишна прослава потрошил 20 илјади евра. Ова вчера го побара пратеникот Изет Зеќири на собраниска комисија на која се разгледуваше извештајот за работата на Агенцијата за минатата година.

Пратеникот Изет Зеќири побара отчет од директорот Роберт Ордановски за потрошените пари за предновогодишна забава што ги правела Агенцијата за електронски комуникации. Со оглед на недомаќинското работење со парите на граѓаните, Зеќири побара оставка од Ордановски. Ја повика и Антикорупциската комисија веднаш да реагира, бидејќи за предновогодишна забава за вработените во Агенцијата се потрошени над 20 илјади евра.

„Почитуван директорe Вие признававте дека сте потрошиле 20 илјади евра, пари на граѓаните за новогодишна прослава. Јас мислам дека тоа е скандалозно, во услови кога во земјава 45% од населението живее со пет долари дневно, во услови каде 15% од населението живее со 2,5 долари дневно. Во услови кога ние имаме 31% од сиромаштија во земјава Вие си  дозволувате себеси таков луксуз и трошите 20 илјади евра, за новогодишна прослава.  Тоа е скандалозно, Вие треба веднаш да дадете оставка. Колку што слушам сега и Владата Ви наложила парите да ги вратите назад. Ова не се совпаѓа со квалитетно и ефикасно менаџирање на оваа институција. Доколку со овие 20 илјади евра да ја намалевте цената за операторите што вам ви плаќаат, тие би ја намалиле цената на телефонијата, цената на пораките и цената на импулсите и со тоа ќе имаа придобивки граѓаните “, изјави пратеникот Изет Зеќири.

Директорот Орановски, пак со став дека индустријата која учествувала со 6 отсто во БДП, заслужувала такви забави, но и дека тоа било пракса во светски рамки. Додаде и дека забавата не била само за вработените туку дека присуствувале и менаџери од телекомуникациските компании во регионот, како и амбасадори.

„Парите за забавата ќе ги платат менаџерите од соспствен џеб“, изјави Роберт Ордановски.
По ова во собраниската сала, следуваше кавга на релација Ордановски - Зеќири. Зеќири побара и увид во трансакциските сметки, како и доказ дека парите не се платени со пари од Агенцијата.

„Ќе ги добиете сметките. И, точка на дискусијата“, рече директорот Ордановски во собраниската сала.

Дневниот весник Фокус пред три дена објави дека за една ноќ се потрошиле 21 500 евра на предновогодишна забава за вработени и гости на АЕК, и дека Владата кога слушнала за ваквата сума веднаш побарала, сметката  од приватен џеб да си ја платат менаџерите на компанијата. Инаку, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, немаа забелешки за работата на Агенцијата за електронски комуникации изминатата година. На собраниската комисија директорот Ордановски ги презентираше постигнатите резултати. Зеќири пак ги оспори и милионските суми што Агенцијата за електронски комуникации ги троши за реклами.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола