Зекири бара МВР да отвори истрага
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2017 21:11
Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири кој тврди дека бил нападнат од обезбедувањето на екс шефот на УБК, побара МВР да покрене истрага за случајот.
Зекири посочува дека насилниците мора да одговараат пред правдата без разлика чии луѓе се.
Тој во изјавата пред медиумите вака ја опиша ситуацијата:
„Лица од обезбедувањето на Сашо Мијалков вчеравечер вербално и физички ме
нападнаа. Мијалков седеше во кафулето Дион, каде што влегов јас со моите пријатели бидејки имавме резервирано маса.
Објектот е под видео надзор и сето ова што го зборувам полицијата лесно може да го утврди.
10-тина лица кои седеа на масата со Мијалков дојдоа до нас и побараа од мене да го напуштам местото, затоа што сум бил непожелен. Таму имало приватна забава. Никој никому нема право да му го попречува седењето,а посебно не кога веќе имавме резервација и не се работеше за никаква приватна забава. Откако им објаснив дека имаме уредно резервирано маса еден од нив познат на полицијата а и нам ја преврте масата и групата почна да не турка насила кон излезот. Додека траеше турканицата надвор од објектот еден од нив извади полициска легитимација и побара да се идентификувам. Додека ја вадев личната карта да му ја покажам друго лице отпозади ме нападна физички во пределот на главата. Случајот го пријавив во полиција.
Дополнително скандалозно е што полицаецот пред кој ја давав изјавата, не сакаше во извештајот да го напише името на Сашо Мијалков. Иако се работи за моја изјава пред полиција, на којашто има право како граѓанин“, тврди Зекири.
Поранешниот прв човек на УБК Мијалков пак ги демантираше овие информации и рече дека ќе поднесе тужба за навреда и клевета.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




