Зекири до Ѓорчев: Сонуваш за Чиста Македонија, ама ќе одговарате
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2016
Мухамед Зекири од СДСМ повторно влезе во расправа на социјалните мрежи, овој пат по продолжувањето на обвиненија дека целта е СЈО да допринесе во воведување на двојазичност на територија на цела Македонија со тоа што ќе му го намали рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш, Зекири му одговори на Фејсбук со многу остри зборови.
„Влатко Ѓорчев дури сега најдов време да те слушам што си тресел вчера во Собрание. Мислев дека конечно си кажал нешто паметно ама за жал уште еднаш покажа колку си ограничен и колку злоба и зло извира од тој твој ограничен мозок. Тоа е вашата матрица шовинистичко националистичка слична на Милошевиќ, сеуште сонуваш за "Чиста Македонија" за "Гасни комори за Шиптарите"...
Освести се човече заедно со твоите истомисленици, ниту вашиот лажен патриотизам веќе нема да ви помогне .... За КРИМИНАЛОТ и ЗЛОТО што го нанесовте на граѓаните и нашата Македонија сиве овие години ЌЕ ОДГОВАРАТЕ“, напиша Зекири, член на извршниот одбор на СДСМ.