Зекири не претпоставува како се заразил, во четвртокот бил на состанок во СДСМ
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2020 16:30
Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири кој објави дека е позитивен на Ковид-19 во разговор за Фактор потврди дека се чувствува добро, нема симтоми и не може да претпостави каде се заразил. Вели дека три месеци не излегол од дома и се однесувале одговорно поради тоа што имаат и мало бебе. Прв пат, како што вели излегол минатата недела и во четвртокот бил и на состанок во СДСМ.
„Јас тогаш бев за прв пат во партијата по подолго време. Имавме состанок на кој присуствуваше потесното раководство на партијата. Сите се известени. Потоа бев и на емисија со Игор Јанушев од ВМРО- ДПМНЕ со кога се слушнавме, вели Зекири.
Прва, некакви благи симптоми почувствувала сопругата поради што и се тестирале. Сега се позитивни сите тројца, односно позитивен е тестот и кај тримесечната ќерка.
Зекири потврди дека на состанокот во СДСМ ги почитувале препораките. Од СДСМ веќе известија за тоа.
Игор Јанушев пак рече дека му посакува на Зекири добро здравје.
„Што се однесува до интересот за моето здравје, засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти. Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно, вели Јанушев.
Телевизиската емисија била на ТВ24.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




