Зеќири уште 30 дена останува во притвор
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2022
Нови 30 денови притвор доби екс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири.
Информацијата ја потврдија од Основниот кривичен суд Скопје. Зеќири заврши во притвор на 9 минатиот месец како осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Заедно со него, осомничени се и двајца хрватски државјани. Случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Северна Македонија“.
Обвинителството го сомничи генералниот секретар дека од април лани до јануари годинава, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941.985 евра што е за околу 147.000 евра повеќе од 795.000 евра. Тој износ бил договорен за консултантските услуги.
Откако се дозна за аферата, Зеќири си поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата.