03 Јули, 2024
0.0260

ЗЕЛЕН КАРТОН: Ќе се вади со важност од неколку месеци, а не од една година!

Објавено во: Економија 27 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Наместо со важност од една година зелен картон да може да се вади и со покус рок на траење, Фактор дознава дека во Владата веќе се разговарало за ова прашање. Според информациите, ова прашање министрите го разгледувале на седницата што се одржала пред пет дена. Извори од Владата, неофицијално брифираат дека сега Министерството за финансии треба да направи комплетна анализа со која ќе се разгледа можноста за важност на зелениот картон во пократок рок. Според, сознанијата за оваа опција  веќе се информирани и некои од осигурителните компании кои треба да дадат свој став по ова прашање. Со измените што беа направени пред некоку години, зелен картон наместо за неколку месеци, може да се извади само за цела година. Односно, до 2011 година, цената на зелената карта зависеше од видот на возилото и од периодот на покритие. Зелена карта можеше да се издаде за период од 1 месец, 3 месеци, 6 месеци и годишна зелена карта. Со промените од 2011 година, зелена карта се издава со покритие од една година, но не подолго од периодот на траење на полисата за осигурување од автоодговорност во земјата. Сега владата размислува, повторно да го врати назад старото законско решение со кое зелен картон ќе може да се вади и со важност од неколку месеци.

Можеби ќе ве интересира

ОСТВАРИЛЕ ПРИХОДИ, АМА ГИ ЗГОЛЕМИЛЕ И ПЛАТИТЕ – извештајот на МАПАС открива како сработиле минатата година

ОСТВАРИЛЕ ПРИХОДИ, АМА ГИ ЗГОЛЕМИЛЕ И ПЛАТИТЕ – извештајот на МАПАС открива како сработиле минатата година

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија