27 Јули, 2024
0.0337

Зелен месец во Шпаркасе Банка!

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Под слоганот „Веруваме во зелена иднина“, а во рамките на платформата за општествена одговорност Sparkasse Life, во текот на април, месецот посветен на планетата Земја, Шпаркасе Банка почнува кампања со многубројни зелени активности како дел од својата широка зелена агенда.  

Кампањата ќе трае еден месец – „Green month“, а сите вработени ќе имаат ЗЕЛЕНА цел – подигнување на свесноста за ефектите од еколошката мобилност користејќи го еколошкиот возен парк на Банката, кој се состои од велосипеди, електрични тротинети и електрични возила, или движејќи се пеш од и до работа, сè со цел активно намалување на CO2 отпечатокот и заштита на планетата Земја.


„Отсекогаш сум бил поборник за здрав живот и зачувување на животната средина, и особено ми е драго што имам можност да работам во банка со колеги со кои делиме исти вредности. Sparkasse Life е нашата платформа за општествено одговорни проекти, преку која се реализира Стратегијата за одржливост. Во платформата Sparkasse Life ги обединуваме сите иницијативи и активности што ги преземаме за заштита на животната средина“, изјави Игор Бојковски, директор на дирекција за имот, логистика и безбедност.

Состојбата со енергетската криза Банката ја управуваше на високо ниво, при што се постигнаа поставените цели за заштеда на електрична енергија и оптимално управување со ресурсите. Според анализата на потрошувачката на електрична енергија за периодот 2022/2023 година, направена е заштеда наповеќе од  200.000 kWh или 20% помала потрошувачка на електрична енергија, односно заштита на животната средина преку намалување на емисија на CО2 за приближно 60.000 кг/годишно. Исто така, преку воведување на дигитализацијата и отстранувањето на хартијата во деловното комуницирање во 2023 година, остварено е намалено користење на хартијата со заштеда за повеќе од 10% во вкупната набавка и потрошувачка на хартија, односно реализирана намалена емисија на CО2 за приближно 3.078 кг/годишно. Банката го збогати својот возен парк со две возила на електричен погон, постави два полнача за електричните возила и дополнително набави четири е-скутери за пократки дестинации.

Во текот на зелениот месец, Банката продолжува со заложбите за трансформација на експозитурите опремени со еколошко одржливи материјали и почитувајќи ги највисоките стандарди за енергетска ефикасност, управување со ресурси и отпад, исфрлање од употреба на пластика на работното место, поставување корпи за рециклирање низ централите и експозитурите за остварување позитивни ефекти и подобрување на влијанието на Банката врз околината.

За заокружување на кампањата, Банката ќе спроведе уште една зелена активност – засадување дрвја на места за пошумување во координација со организацијата „Мен енд маунтен“ и на тој начин ќе дадe дополнителен и многу значаен придонес во подобрување на животната средина, како и позитивен пример за вработените, клиентите, соработниците и за целата заедница.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје