05 Декември, 2025
0.1068

ЗЕЛЕНИ КОРИДОРИ: Земјите од регионот и ЕУ договорија олеснување на трговијата на примарни производи

Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Март, 2020 16:47

Добивај вести на Viber

Земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи. 

Владата на 30-та седница ја разгледа и усвои Информација за регионалните и ЕУ активности  со цел олеснување на транспортот и трговијата на стоки по појавата на пандемијата со КОВИД-19 и за прифаќање на Заедничкиот предлог на Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи во Западен Балкан и помеѓу Западен Балкан и земји членки на Европската Унија.

„Согласно оваа информација Владата ги задолжи канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија во соработка со Министерство за финансии - Царинската управа, Министерството за економија, Министерството за внатрешни работи, Министерството за земјоделство и водостопанство и Министерството за транспорт и врски да ги координира активностите поврзани со имплементација на мерките содржани во Заедничкиот предлог на  Секретаријатот на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА. Заедничкиот предлог на Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи во Западен Балкан и помеѓу Западен Балкан и земји членки на Европската Унија, има за цел да ја олесни трговијата и транспортот на стоки со преземање единствено на дополнителни мерки на претпазливост, кои што се, или кои треба да бидат преземени, за да се обезбеди дека нема да дојде до избувнување КОВИД-19“, информираа од Владата. 

Царината и другите контроли на стоки во легитимната трговија остануваат под трговските правила на ЦЕФТА и правилата што произлегуваат од договорите за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и регионалните партнери.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември