Зелено светло од Скопјe: ФИНА доби одобрение за влез на Македонската берза
Објавено во: Економија 17 Октомври, 2025 08:08
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 68-мата седница со која претседаваше Претседателката на КХВ М-р Бујаре Абази донесе Решение со кое на правното лице Finansiska agencija FINA од Р. Хрватска се дава согласност да стекне квалификувано учество во Македонска берза АД Скопје, односно индиректно преку Zagrebacka burza d.d да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 30% од вкупно издадените акции со право на глас од Македонска берза АД Скопје. FINA чиј единствен основач и содружник е државата Република Хрватска веќе има добиено согласност од хрватскиот регулатор ХАНФА да се стекне со директно квалификувано учество во Zagrebacka burza d.d. Доколку понудата за преземање биде успешна FINA може директно да стекне 50% +1 акција во Zagrebacka burza d.d. а со тоа и индиректен удел од 14,99% во Македонска берза АД Скопје. Ако FINA стигне до максимален удел од 100% во Zagrebacka burza d.d. со тоа индиректниот удел во Македонска берза АД Скопје ќе биде до 29,98%.
На седницата што се одржа денеска на 16 октомври, 2025 година Комисијата за хартии од вредност донесе Решение за утврдување на успешноста на понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола, дадена од АЛТА БАНКА АД Белград. Врз основа на извршената понуда, АЛТА БАНКА АД Белград се стекна со вкупно 345.175 обични акции, што претставува учество од 88,2852% од вкупниот број на обични акции издадени од Стопанска банка АД Битола.
Заедно со акциите што веќе ги поседува (19.439 обични акции) АЛТА БАНКА АД Белград има вкупно 364.614 обични акции, што претставува учество од 93,2571% од вкупниот број на издадени акции од Банката.
Комисијата донесе Решение со кое на Капитал Банка АД Скопје и се дава одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.
Со седмата емисија на акции Банката ќе издаде 5.628 обични акции со номинална вредност по акција од 177,71 евра и вкупен номинален износ од 1.000.151,88 евра. Продажната цена на акциите од седмата емисија е еднаква на номиналната, а вкупната продажна вредност на емисијата изнесува 1.000.151,88 евра во денарска противвредност.
Зголемувањето на основната главнина на Банката ќе се изврши со нови уплати од страна на постојниот мнозински акционер АЛФА ФИНАНС ХОЛДИНГ АД кој е акционерско друштво од Бугарија. Банката врши зголемување на основната главнина заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на адекватност на капиталот и заштитните слоеви на капиталот пропишани со Законот за банките.
КХВ обнови две дозволи за работење на инвестициски советник и една за работење со хартии од вредност, а издаде една лиценца за инвестициски агент.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




