Зеленски нуди дронови во замена за „Томахавк“
Објавено во: Свет 17 Октомври, 2025 21:31
Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на работниот ручек со украинскиот колега Володимир Зеленски во Белата куќа, изјави дека евентуалната испорака на ракети „Томахавк“ за Украина би можела да се сфати како ескалација на конфликтот од страна на Владимир Путин.
„Многу лоши работи би можеле да се случат“, рече Трамп.
Украинскиот претседател на истиот ручек, пред официјалната средба во Овалната соба, предложи „размена на оружје и технологија“ и нагласи дека е подготвен „да разговара во кој било формат“ за мир.
Зеленски рече дека неговата земја би можела да им обезбеди на САД „илјадници дронови“ ако Вашингтон им дозволи да „користат ракети Томахавк“.
Тој рече дека оваа војна може да се запре „со ангажманот на Трамп“ и дека билатералните безбедносни гаранции од САД се „најважниот документ“. За време на 40-минутниот ручек пред новинарите Зеленски истакна дека американските енергетски компании веќе се подготвени да помогнат по последните напади врз украинската инфраструктура.
Зеленски исто така рече дека обезбедувањето билатерални безбедносни гаранции со Соединетите Американски Држави е „најважниот документ бидејќи САД се многу силни“, според Си-Ен-Ен. Војната трае повеќе од 3.5 години.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




