ЗЕЛЕНСКИ ОТКРИ ПЛАН ЗА ПОБЕДА: Има пет главни точки, меѓу кои е и влезот во НАТО
Објавено во: Свет 16 Октомври, 2024
Украина да влезе во НАТО за да се заштити од Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави „планот за победа“.
Неговиот план содржи пет главни точки, вклучително и безусловна покана за членство во НАТО сега и поддршка за оружје.
Тој понуди западна улога во развојот на природните минерални ресурси на Украина и рече дека украинските трупи би можеле да ја зајакнат безбедноста на НАТО и да заменат некои од американските сили во Европа.
„Заедно со нашите партнери мораме да ги промениме околностите за да заврши војната. Без разлика што сака Путин. Сите ние мора да ги промениме околностите за Русија да биде принудена на мир“, вели Зеленски.
Украинскиот претседател рече дека неговиот план е потребен за да се принуди Кремљ да преговара со добра волја.
„Зборот ‘преговори’ го слушаме од партнерите, а зборот ‘правда’ многу поретко. Украина е отворена за дипломатија, но искрена (дипломатија)“, рече тој.
Неговиот план предлага воспоставување „сеопфатен ненуклеарен стратешки пакет за одвраќање“ во Украина за да се заштити од заканите од Русија и да се уништи нејзината воена моќ. Тој не даде детали, но рече дека има дополнителен таен додаток кој не може да го соопшти за јавноста.
Планот предвидува и улога на Запад во инвестирање и заедничка заштита на природните минерални ресурси на Украина од руските напади, како и од повоените ветувања за реконструкција.
Планот е главен тест за политичката волја на клучните сојузници на Киев, кои вложија многу милијарди долари оружје за да ја поддржат Украина, додека навигираат стравувања од „ескалација“ во војната против нацијата со најголемиот нуклеарен арсенал во светот.
НАТО соопшти дека Украина се движи кон членство, но засега нема покана.
Кремљ го отфрли планот на Зеленски. Според последните информации, руските сили вратиле дека од територијата која Украинците ја окупираа кај Курск, но и Украина вратила дел од територијата кај Покровск која претходно руските сили ја заземаа. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Москва бараше денацификација, демилитаризација на Украина и признавање на незавиноста на републиките Доњецк и Луганск. Потоа како цел се споменуваше ослободување на Донбас.
foto reuters
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.