ЗЕЛЕНСКИ: Планот за победа има за цел да создаде соодветни услови за праведен крај на војната
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2024
Украина сака да постигне праведен мир со Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски три часа го презентираше „планот за победа“. Зеленски му го претстави својот „план за победа“ на британскиот премиер Кир Стармер додека се зголемува притисокот врз Обединетото Кралство да ѝ дозволи на Украина да користи ракети Storm Shadow за да нападне цели во Русија. Во трилатералните разговори во Даунинг стрит, каде што е сместен британскиот премиер, Стармер, украинскиот претседател и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте разговараа за војната. Руте изјави дека не постои правна пречка за употребата на западното оружје од страна на Украина против цели во Русија, но одлуките мора да ги донесат поединечните држави кои ќе му го дадат тоа оружје на Киев. „Планот за победа има за цел да создаде соодветни услови за праведен крај на војната“, вели Зеленски. Тој бара дозвола да користи ракети Storm Shadow и друго оружје испорачано од Запад за да ги гаѓа руските воздушни бази и другите воени локации што се користат за гаѓање на украинските градови и инфраструктура. Руте рече дека на Украинците законски ќе им биде дозволено да го сторат тоа како одговор на руските напади. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.