18 Декември, 2025
0.0507

ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО МАКЕДОНИЈА: Патнички воз Скопје - Неготино удрил во железен предмет на пруга, граѓаните патувале шест часа

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2023 12:36

Добивај вести на Viber

Патничкиот воз Скопје - Неготино синоќа удрил во железен предмет кој испаднал на пругата од друг воз, при што патниците патувале шест часа. Како што објасни за МИА неготинецот Илија Стамков, поголемиот дел од возот останал во тунелот, само предниот дел каде што е кабината на машиновозачот бил излезен надвор. 

- Се беше во ред се додека машиновозачот кој има подолго искуство и возеше бавно во тунелот пред Велес, не го забележал предметот железо што наводно испаднал од друг воз и почна со кочење, но бидејќи возот има голема тежина удривме во железниот предмет, од кој што можевме да бидеме исфрлени од железничката пруга. Се слушнаа неколку удари, јас помислив дека можеби ќе бидеме исфрлени од пругата, но закочивме и поголемиот дел од возот остана во тунелот, само предниот дел каде што е кабината на машиновозачот беше излезен надвор од тунелот, рече Стамков. 

Возот застанал и според информациите на патниците, случајот бил пријавен кај надлежните и во полиција. Безбедноста била, како што им кажале, околу тоа дали ќе продолжи возот, бидејќи од ударот, не можело да се види дали има некое оштетување.

- Полиција дојде, но тоа не значеше крај на нашите маки. Се изначекавме. Почнаа сите од возот да излегуваат и да се бунат, три пати испаднавме и се буневме, два пати не лажеа дека сега ќе тргнеме, сега ќе тргнеме. Испаднавме и почнавме во нервоза да се караме поостро и поостро. Благодарност до машиновозачот кој беше присебен и ни ги спаси животите на сите со неговата брза реакција и кочење.  Стасав на железничка станица Неготино во 23 часот, а тргнав од Скопје околу пет часот, нагласи Стамков. 

Тој додаде дека додека возот стоел, неколкумина патници тргнале пеш по пругата до Велес.

- Имаа среќа и не им се случи ништо лошо по патот, по таа темница по пруга. Кога тргнавме, ги качивме и нив по патот, рече Стамков. 

Тој изрази надеж дека во иднина нема да се случуваат вакви немили настани.

ФОТО:МИА

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје