Новата алатка за земјоделците „Понуда-Побарувачка“
Објавено во: Агробизнис 27 Март, 2020
Од денеска, на web страната на МЗШВ, поставен е банер за
полесен пристап на земјоделците до новатa апликација на страната на
Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС).
Оваа апликација е под наслов „Понуда-Побарувачка“ и преку неа на земјоделците им се овозможува во овие услови на вонредна состојба кога голем дел од пазарите (кванташки, зелени пазари, добиточни пазари) не се во функција, сепак да можат да тргуваат со своите производи. Апликацијата овозможува:
· Да се понудат односно побаруваат количини и цени на земјоделски производи или добиток директно од страна на производителите на земјоделски производи од домашно потекло,
· Да се понудат односно побаруваат количини и цени на земјоделски производи или добиток од страна на заинтересираните потрошувачи, купувачи, откупувачи и трговци на производи од домашно потекло,
· Зинтересираните страни (понудувачи и побарувачи) да најдат заеднички интерес да договорат и направат трговска трансакција.
Целта на оваа корисна алатка е да се овозможи брз и лесен пристап до податоците за расположливите количини и цени на земјоделски производи и добиток во реален временски период како и континуиранo следење и обезбедување на транспарентен преглед на земјоделски производи од домашно потекло и движење на цените на земјоделските пазари.
Веб апликацијата ,,понуда –побарувачка“ на земјоделски производи технички и административно ја одржува Одделението за ЗПИС во Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ.
Понудата или побарувачката за определените земјоделски производи се внесуваат од страна на пазарните репортери од Подрачните Единици на МЗШВ, АПРЗ или од фирмите вклучени во системот на ЗПИС.
Заинтресираните понудувачи или баратели на определен производ или за добиток досега се обраќаа до споменатите репортери, пополнуваа определен образец го потпишуваа и го оставаа кај пазарниот репортер. Врз база на образецот репортерот ја објавува понудата или побарувачката во системот. За сите барања и објавувања репортерите ги чуваат обрасците за објавување на понуда или побарувачка во период од 1 година.
Во услови на вонредна состојба како што е моменталната предизвикана од пандемијата со коронавирусот, согласно препораките на Владата за социјално дистанцирање, заинтересираните понудувачи или баратели на определен производ, барањето може да го достават такашто најпрво ќе го превземат образецот „Барање за понуда“ поставен на апликацијата, а потоа пополнетиот образец ке го испратат преку e-mail до подрачната единица на МЗШВ или АПРЗ.
Сите оние кои не се во можност да користат интернет, потребно е телефонски да искомуницираат со подрачната единица на МЗШВ или АПРЗ, а пазарниот репортер во нивно име ќе пополни образец и ќе ја објави понудата/побарувачката во системот.
Комплетната агропонуда, достапна е преку клик на банерот Понуда-Побарувачка на страната на МЗШВ или на страната на ЗПИС на следниов линк www.zpis.gov.mk како и на http://ponudapobaruvacka.zpis.gov.mk/
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.