Земјоделскиот сектор допрва ќе отвора перспективи за младите кадри, вели Александра Кулевска-раководител на експозитури во СН Осигурителен Брокер
Објавено во: Агробизнис 16 Декември, 2021
СН Осигурителен брокер како редовен поддржувач на образовните институции учествуваше на „Деновите на кариера“, организирани по повод 74 години постоење на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.
„СН Осигурителен Брокер АД Битола во континуитет ја поддржува едукацијата на нови кадри кои во перспектива би можеле да го најдат својот ангажман и во осигурителниот сектор во делот на земјоделското и сточарското осигурување. Тоа е сектор кој постојано расте и спаѓа меѓу доминантните класи на осигурување во СН Осигурителен брокер. 80% од полисите за осигурување на земјоделие и осигурување на добиток на ниво на држава се направени токму во СН Осигурителен брокер и нескромно можеме да истакнеме дека сме лидери во тие класи на осигурување. Нашите искуства покажуваат дека младите луѓе допрва ќе можат да ги најдат своите перспективи во земјоделскиот сектор.“-изјави Александра Кулевска, раководител на експозитури во СН Осигурителен брокер и дел од тимот кој што работи осигурување на земјоделие.
Во рамките на Деновите на кариера, под мотото „Запознај го својот иден вработен/работодавец!“ беа организирани пленарна седница, саем на кариера и панел дискусија. Ова беше можност за директни средби на релација „Студент-Работодавец“ каде во аулата на Факултетот за земјоделски науки и храна, манифестацијата имаше за цел да ги поврзе и главните чинители од бизнис секторот и институциите со Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, со цел согледување на потребите на пазарот на трудот и можностите за прилагодување на студиските програми, практиканството и можностите за вработување.
На настанот свое обраќање имаа клучните актери за иницирање, поддршка и спроведување на политиките за современо образование и кариерен развој, како и развојот на земјоделско-прехранбениот сектор.
Проектот е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.