02 Декември, 2024
0.0911

Земјоделските задруги клучни за развојот на земјоделството

Објавено во: Агробизнис 09 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Формирањето на земјоделските задруги кои се клучни за развојот на земјоделство, ќе бидат и законски регулирани. Значењето на ваквите задруги е важно од аспект на окрупнување на земјиштето и на производството, поголема конкурентност и подобар пласман на земјоделските производи. До крајот на годинава се очекува да биде изготвена правната рамка, а првите пари планирани за поддршка на земјоделските задруги ќе се реализираат во 2013 година, преку националните програми. -Производителите со овој закон, ќе се изборат за подобри преговарачки позиции при продажбата, ќе станат поконкурентни, ќе ги намалaт производните трошоци. Генерално, бенефитот од задругарството е повеќекратен, најмалку пет отсто пониски цени на репроматеријалите, поголема финансиска поддршка. Голем дел од производството и прометот во ЕУ земјите се одвива преку земјоделските задруги, во Германија 60 до 70 отсто од производството на млечните производи, во Португалија над 15 отсто од производството на вино, во Шпанија и Португалија 70 проценти од производството на маслиново масло, изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски Предвидено е ако задругата е од помал обем, членовите да добиваат 7,5 отсто повеќе субвенции во однос на останатите земјоделци или до 15 проценти повеќе, ако задругата е од поголем обем. Доколку, пак, преку задругата аплицираат за набавка на земјоделска механизација, државата ќе покрие до 90 отсто од трошоците или до 20 отсто за наводнување. Ќе се покриваат и дел од средствата што задругата ќе ги плати за осигурување на посевите, како и платите на менаџерите на задругата во првите години, најпрво 100 отсто, потоа 80, па 60 и на крај 40 проценти. Според експертите преку формирањето на задругите ќе се зголемат приносите, а земјоделците на тој начин поефикасно ќе се подготват за претстојното евроинтегрирање на земјата и ќе бидат конкурентни на европските пазари. - Нашите семејни, земјоделски стопанства по структура се многу мали, ситни, со расцепкани имоти. Затоа само преку форми на здружување може да го оствариме нашиот стремеж кон модерно, пазарно ориентирано производство, кон остварување стандарди, изјави деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Драги Димитриевски. Земјоделците очекуваат со Законот, да се реши и најголемиот проблем, пласманот на производите. Производителите го поздравуваат изготвувањето на законот зашто ценат дека со него ќе се реши долгогодишниот проблем со пласманот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.