Земјоделци ќе продаваат пиперки и домати преку СМС!
Објавено во: Агробизнис 28 Јули, 2012 15:50
Земјоделците имаат можност да ги нудат своите производи на електронската агро берза преку испраќање СМС пораки од мобилните телефони. Станува збор за пилот проект што треба да почне до крајот на овој месец. Пилот проектот, според најавите, ќе опфати сто фармери и 10 откупувачи. Новиот владин проект треба да овозможи поголема конкурентност и повисоки цени на пазарот во тргувањето со земјоделски култури. Оној што ќе ја понуди највисоката цена ќе добие и порака како да склучи договор. На тој начин откупувачите побрзо ќе доаѓаат до информации по која цена фармерите ги нудат своите производи, а фармерите, пак, без разлика во кој дел државата од се наоѓаат, побрзо ќе добиваат повратни податоци за тоа кои се откупувачите и кој нуди највисока цена за нивните производи, објаснуваат во ресорното Министерство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





