Земјотрес во Тузла затрупа четири лица
Објавено во: Свет 22 Февруари, 2015 11:19
Спасувачките служби трагаат за четири лица кои останале затрупани во рудникот „Дубрава“ поради земјотресот кој претходната ноќ го погодил подрачјето на Тузланскиот кантон.
Едно лице синоќа е извлечено и префрлено на Кличничкиот центар Тузла, додека за четири лица, како што се дознава неофицијално, се трага и извлекувањето не се очекува пред пладне.
Според неофицијалните информации четририте лица се затрупани, и постојат сомневања дека во тресењето на земјата смртно настрадале.
На местото на несреќата се наоѓаат припадници на Единицата за специјални намени МУП, а приодот е отежнат поради големите количини на кал.
Агенциите наведуваат дека затрупаните нелегално престојувале на ПК Дубрава каде копале јаглен и од неговата препродажба заработувале за живот.
Земјотрес со јачина од 3,6 степени по Рихтер го погодил претходната ноќ подрачјето на Тузла, а според информациите на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија епицентарот бил во регионот Калесије, во саботата во 20:20 часот.
Земјотрес од толкав интензитет не може да предизвика штети на објектите, но населението може да го почуствува.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




