Жена која наскоро ќе полни 117 години го победи коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 09 Февруари, 2021
Најстарата Европејка го победи коронавирусот, а наскоро ќе полни 117 години.
Лусил Рандон, која го добила името Андре кога се приклучила кон кароличкиот хуманитарен ред во 1944-та година, живее во геронтолошкиот центар во Тулон на југот на Франција. На тестот на 16-ти јануари се покажало дека е позитивна на коронавирус, по што се изолирала од другите луѓе во домот, но не покажала никакви симптоми, пренесува „Reuters".
Таа се чувствува добро и вели дека не се исплашила од вирусот, затоа што не се плаши од смртта. Андре е родена на 11-ти февруари 1904-та година, и е втора најстара личност на светот. Најстара е Јапонката Кане Танака, која на 2-ри февруари наполнила 118-години. И претходно, медиумите објавија приказни за стогодишници кои го преживеале коронавирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.