08 Ноември, 2024
0.0312

ЖЕНИТЕ СЕ БОРАТ ЗА РАМНOПРАВНОСТ: Има ли поделба на машки и женски професии?

Објавено во: Македонија 08 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Мажите во земјава го сочинуваат поголемиот дел од вкупната работна сила за сметка на жените, вели психологот Христина Стефановска.

Таа објаснува дека вообичаено жената е вработена во одредени сектори кои традиционално се сметаат за погодни за нејзиното вработување за разлика од мажите. Постои јасна поделеност на секторите во кои работи жената и оние во кои работи мажот.

„Жената е најзастапена во секторот на здравство и социјална работа, по кој следи секторот на финансиско посредување и образованието. За разлика од нив, мажите се вработени во секторот градежништво и снабдување со електрична енергија. Традиционалните животни навики кај дел од македонските граѓани и традиционалната улога на жената во семејствата во Македонија покажуваат дека се потребни промени. Неопходно е поголемо вклучување на жените во економскиот и социјалниот развој. Родовата еднаквост подразбира бришење на сите разлики, а во администрацијата бришење на рубриката во која се запишува женски или машки пол. Половата рамноправност подразбира меѓусебно надополнување помеѓу мажот и жената и почитување на нивното достоинство“, вели психологот.

Според неа, рамноправноста не е прашање само на традиција и социјална правда, туку е значајно прашање и во справувањето со сиромаштијата и невработеноста, обезбедувањето на еднакви можности и квалитетен живот за сите.

„Жените претставуваат околу половина од популацијата во светот. Како резултат на ова, се очекува и дека половина од придобивките на развојниот процес одат кај жените, а другата половина кај мажите. Но, во реалноста тоа не е така. Потребно е помасовно вклучување на невладини организации во секојдевниот општествен живот на жената, институционална поддршка и поголема контрола од страна на државата во економскиот сектор  за почитување на законот и членот 9 од Уставот на РМ, кој вели, сите граѓани се еднакви во слобoдите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба, отворање на повеќе ресурсни центри кои би ги сочинувале тимови од правни лица, психолози, економисти кои би им биле на располагање на жените 24 часа. Во тој поглед по повод овогодинешниот 8 март максимално ја поздравувам и поддржувам акцијата на одредени здруженија за организирање на марш за женски права кој оваа година ќе започне во 12 часот во Жена Парк Скопје. Сметам дека и сите останати градови во своите локални места треба да ја поттикнуваат свеста кај населението преку вакви настани“, додава Стефановска.

Вели дека секојдневно се соочуваме со ситуации каде жената е жртва на семејно насилство, ја губи својата работа затоа што е жена, зема помала плата, постојат ниски очекувања од нејзе во физичка, па и во психолошка сила, го добива епитетот домаќинка, што укажува на тоа дека обавува и поголем дел од семејните обврски, на неа е доделена улогата родителство,  не се дозволени одредени професии за жените, или пак е ограничена старосната возраст во професионалната актуелизација и вработување.

Статистички во Македонија во третиот квартал лани 76 368 жени биле невработени.

Сања Атанасовска 

Фото jutarnji.hr

Можеби ќе ве интересира

И ДКСК БАРА ИСТРАГА ЗА ПАРИТЕ КОИ ГИ ТРОШЕШЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА: посочуваат оти на службено патување „биле потрошени средства за приватни цели“

И ДКСК БАРА ИСТРАГА ЗА ПАРИТЕ КОИ ГИ ТРОШЕШЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА: посочуваат оти на службено патување „биле потрошени средства за приватни цели“

Почина Тахир Хани, функционерот на ДУИ

Почина Тахир Хани, функционерот на ДУИ

ЗA ТЕБЕ ШИПО КУРШУМ ВО ГЛАВА: Вицепремиерот Фетаи пријави закана преку мејл

ЗA ТЕБЕ ШИПО КУРШУМ ВО ГЛАВА: Вицепремиерот Фетаи пријави закана преку мејл

КУНОВСКА РАСПАЛИ ЗА СДСМ: Евентуални парламентарни избори заедно со локалните ќе го докрајчат и тоа малку што е останато

КУНОВСКА РАСПАЛИ ЗА СДСМ: Евентуални парламентарни избори заедно со локалните ќе го докрајчат и тоа малку што е останато

„ДОКАЗИТЕ СЕ ДОСТА ОБЕМНИ“: Тошковски најави нови апсења благодарение на апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи

„ДОКАЗИТЕ СЕ ДОСТА ОБЕМНИ“: Тошковски најави нови апсења благодарение на апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи

ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ОСТАНА БЕЗ ВРВНА ПРОФЕСОРКА: Почина д-р Наде Проева, предаваше предмети поврзани со античка историја

ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ОСТАНА БЕЗ ВРВНА ПРОФЕСОРКА: Почина д-р Наде Проева, предаваше предмети поврзани со античка историја

ЕВЕ КОГА ПОЧНУВА СО РАБОТА „СЕЈФ СИТИ“: Возачите да се подготват, никој нема да биде поштеден

ЕВЕ КОГА ПОЧНУВА СО РАБОТА „СЕЈФ СИТИ“: Возачите да се подготват, никој нема да биде поштеден

„ЖИВЕЕМЕ ВО ВРЕМЕ НА НОВА ЕПИДЕМИЈА“: Проблемот со незаразните болести бара итни промени

„ЖИВЕЕМЕ ВО ВРЕМЕ НА НОВА ЕПИДЕМИЈА“: Проблемот со незаразните болести бара итни промени

НЕ ОЧЕКУВА СОСЕМА ПОИНАКВА ЗИМА: Можно е да го почувствуваме студот од деведесетите години, ќе има многу снегови, снежни невремиња и есктремни ниски температури

НЕ ОЧЕКУВА СОСЕМА ПОИНАКВА ЗИМА: Можно е да го почувствуваме студот од деведесетите години, ќе има многу снегови, снежни невремиња и есктремни ниски температури