Жерновски: Кај ВМРО-ДПМНЕ има пад од 130.000 гласа
Објавено во: Македонија 13 Август, 2025 14:01
Поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновскји тврди дека кај владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ има пад од 130.000 гласа во однос на последните парламентарни избори што се одржаа во 2024.
„Не е мал бројот на оние кои се зачудени од “кампањата пред кампања” која деновиве ја води премиерот Мицкоски. Не толку од самиот технички момент, бидејќи кај нас веќе од поодамна се дозволува предизборната кампања да започне далеку пред законски пропишаните рокови.
Зачудени се од паничниот аудио и видео сигнал кој го емитира Мицкоски. Целиот во грч, со избезумен лик и пискав глас, почна да нуди и ветува се’ и сешто, при што забележителна е неговата “стручност и експертиза” во познавањето на економијата. Најновата теза дека “цените растат затоа што се покачени платите”, молскавично влезе во богатата ризница на тропнати бисери изустени од македонски политичари.
Сепак, причината е многу подлабока. Во партија му е презентирана најновата анкета која е направена по негова нарачка и изведена од добро познатата (про)вмровска агенција. Бројките се немилосрдни: За само година дена, ВМРО-ДПМНЕ бележи пад од цели 130.000 гласа!
Ваков драматичен пад е најголемиот што било која партија на власт го има доживеано во поновата македонска историја, односно од почетокот на повеќепартискиот систем“, објави поранешниот градоначалник на Центар на социјалните мрежи.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




