Жешки девојки танцуваа голи во Универзална: Да можам да го скршам стаклото да ја допрам
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2020 20:48
Атрактивни девојки танцуваа разголени во излози во Универзалната сала, додека скопјани се натпреваруваа кој повеќе слики ќе направи од првите редови. Настанот кој пробуди интерес во градот е SKOPJE RED LIGHT DISTRICT 2020, и се одржува по втор пат во организација на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ. Идејата беше, со интересниот перформанс, Скопје да заличи на Амстердам со улицата на црвените ференери во која се наоѓаат борделите. Различни коментари слушнавме од посетителите на настанот: „Оваа е добра, оваа би ја носел дома“, па дури и: „Да можам да го скршам стаклото да ја допрам“, коментираше еден млад скопјанец. Настанот на овој начин беше најавен на Феејсбук: „Пет девојки пред жешките излози на Универзална сала кои за момент ќе Ви го доближат шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеело боемски живот и се будело со првиот мрак и посетите на атрактивните сексуални работнички“, стоеше во најавата. Настанот е поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија и SWAN – Sex Workers’ Rights Advocacy Network и се организира во рамки на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.
(М.Џ.)
фото Вангел Тануровски




Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




