Жестока расправа во ДИК за приговорите на БЕСА
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016 12:53
Жестока расправа се води по приговорите на БЕСА.
Претставник на БЕСА ги елаборираше приговорите за гласање во општина Арачиново во Државната изборна комисија.
Беше кажано дека е вршен притисок врз гласачи, а при тоа гласачите не кажале дека им треба помош. При тоа овластени лица не реагирале. Ливчињата не се сечени согласно законските одредби. Броевите на изборниот материјал не биле јасни, и се укажува дела имало можности за манипулација. Како доказ имаат изјава на нотар заверена од набљудувач, кажа претставникот на БЕСА.
Бедредин Ибраими, член на ДИК рече дека изјава заверена на нотар не е доказ, затоа што според него секој може во било кое време да обезбеди изјава на нотар за било што.
Виолета Дума од ДИК вели дека приговорот на БЕСА е доставен навреме. Таа не се сложува дека изјава од нотар може да се донесе за било што.
Субхи Јакупи, член на ДИК рече дека не треба да се држат политички говори и да се прави театар.
Силвана Бонева, член на ДИК додава дека не е спомнато кој носел гласачи и за кого ги терал да гласаат граѓаните и дека нема доказ. Таа смета дека ДИК треба да го отфрли приговорот како неоснован.
Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски ги опомена колегите да не упаѓаат во збор и да се сослушуваат.Приговорот за избирачко место 2333/1 е отфрлен.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




