17 Јануари, 2025
0.0294

ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПРЕД РАСПИШУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за распуштањето на Собранието

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

На самиот ден кога Парламентот треба да се распушти двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ разменуваат жестоки обвинувања кои се однесуаат на изборите.

Пратеничката група побара Собранието да се распушти веднаш обвинувајќи ја владеачката гарнитура за лицемерие и за тоа дека не сака избори на 11 декември.

„Иако наводно се залага за избори, ВМРО-ДПМНЕ во суштина прави се да ги одложи. Денешните предлог измени се доставени единствено со цел распуштањето да не дојде на дневен ред на денешната седница, потенцираше денеска пратеникот Петре Шилегов, на прес конференција во Собранието. 

Тој додаде дека доколку владеачката партија навистина сакала избори на 11-ти немало да ја комплицира пистаојата. 

„Секое ставање на дневен ред на нови точки го покажува очигледниот страв на Груевски од соочување со граѓаните. СДСМ бара Собранието да се распушти денеска и веднаш. Му порачуваме на Груевски дека без оглед на собраниските ујдурми слободни и фер избори ќе се случат на 11 декември“ рече Шилегов.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак ја обвинуваат опозицијата дека сака да фрли дамка врз изборите.

„СДСМ се обидува на било каков начин да фрли дамка на изборите кои што треба да се одржат на 11 декември оваа година, иако и самите се свесни дека сите услови за организирање на избори се исполнети. Во вода им паднаа сите манипулации кои што ги правеа за фантомските гласачи па сега кога се во безизлезна ситуација пробуваат повторно да манипулираат со јавноста и да претстават дека ВМРО-ДПМНЕ бега од избори и покрај тоа што македонскиот народ знае дека ако се прашуваше ВМРО-ДПМНЕ изборите сега ќе беа завршени и Република Македонија ќе беше на пат на излегување од оваа наметната политичка криза“.

Од партијата на власт велат дека СДСМ дека повторно ја лажат македонската јавноста и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе гласаат за распуштање на Собранието на Република Македонија, стои во нивното соопштение.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година