10 Јуни, 2023
0.0259

РЕПЛИКИ И КОНТАРЕПЛИКИ ВО СОБРАНИЕ

ЖЕСТОКО ВО СОБРАНИЕ: Јанева „остра на јазик“ , не им „ќути“ на пратениците

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

И денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева им дава отчет на пратениците за вториот извештај за работата на СЈО.

Меѓутоа, таа децидно и без трема им реплицира на пратениците кои ја испрашуваат од прашања за нејзиниот личен капацитет, на какви дела работела, па се до споредба на штета направена од Едмонд Темелко и  Зоран Верушевски.

Токму за погоре споменатите прашања одговор од специјалната обвинителка побара пратеникот Антонио Милошоски.

Тој ја праша Катица Јанева зошто штетата што и ја направил градоначалникот на Пустец Темелко, е поголема од онаа што ја направил екс разузнавачот Верушевски.

Со сконцентрирано следење на прашањето, како и што самата Катица потенцираше го упати Милошоски одговор на ова прашање да побара кај државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

„Внимателно го слушам Милошоски, исто како што го слушав внимателно во  „бомбите“  бидејќи неговиот глас често се слуша таму“, искоментира Катица.

Седницата на Комисијата е во тек, а како што е најавено ќе трае до 23 часот вечерва. 

Пратеничката Солза Грчева, пак во својот говор ја истакна изненаденоста која ја забележала од непознавањето на правото, политиката и на демократијата што го покажала Јанева во вчерашното излагање и одговарање на пратеничките прашања.

Наспроти Грчева, пратеникот Горан Мицовски потенцираше за нападите врз СЈО и врз Јанева истакнувајќи дека специјалното јавно обвинителство е единствената институција што ВМРО-ДПМНЕ ја нема под своја контрола.

Во однос на случајот Пуч, Катица Јанева пак искажа верба дека единствениот сведок за случајот со незаконското прислушување екс премиерот Никола Груевски ќе се  појави во судницата.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Раката е подадена, да се работи во интерес на државата

Кузеска: Раката е подадена, да се работи во интерес на државата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има бурни реакции во јавноста откако Меџити кажа дека косовски државјани ќе се лекуваат овде по исти цени како македонските граѓани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има бурни реакции во јавноста откако Меџити кажа дека косовски државјани ќе се лекуваат овде по исти цени како македонските граѓани

Ковачевски вели дека Мицкоски прифатил уставни измени, тој вели дека тоа е лага

Ковачевски вели дека Мицкоски прифатил уставни измени, тој вели дека тоа е лага

Владиците Петар и Григориј биле гости во руската амбасада

Владиците Петар и Григориј биле гости во руската амбасада

Надрилекар од Турција „лечел“ во гостиварско

Надрилекар од Турција „лечел“ во гостиварско

ЦУК: Се очекуваат интензивни врнежи, можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки

ЦУК: Се очекуваат интензивни врнежи, можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки

Вонредно метео од Славчо Попоски: Подгответе се за уште поголеми временски непогоди и поплави од оние во Делчево

Вонредно метео од Славчо Попоски: Подгответе се за уште поголеми временски непогоди и поплави од оние во Делчево

ПОМАГАВМЕ НА СИТЕ, ЌЕ МУ ПОМОГНЕМЕ ЛИ И НА ДЕЛЧЕВО? Претседателот на ЗЕЛС ги повикува општините да се солидаризираат

ПОМАГАВМЕ НА СИТЕ, ЌЕ МУ ПОМОГНЕМЕ ЛИ И НА ДЕЛЧЕВО? Претседателот на ЗЕЛС ги повикува општините да се солидаризираат

Арафат Муареми ослободен од пријавите од Вилма Русковска

Арафат Муареми ослободен од пријавите од Вилма Русковска