09 Октомври, 2024
0.0262

ЗГОЛЕМЕНА ПОТРОШУВАЧКА НА СТРУЈА ВО ЕВРОПА: Мегаватсат поскапува за 50 отсто на европските берзи

Објавено во: Економија, Свет 11 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Студениот бран ја зголеми потрошувачката и цените на струјата во Европа, па во споредба со декември цената на мегават-час на европските берзи порасна за 50 отсто и сега достигнува 120 евра, јавува денеска РТС.

Поради студот цела Европа бележи пораст на побарувачката, а реагираат и берзите за струја.

Големопродажната цена на мегават-час во декември беше меѓу 70 и 80 евра, а сега достигнува 120 евра, па овие денови најмногу увезуваат Германија, Италија и Унгарија.

„Времето е некако највидливиот фактор кој влијае на зголемување на потрошувачката, побарувачката и со тоа и на поскапување во рок од два-три дена. Потоа има многу други фактори - капацитет за складирање на гас, потоа имаме и некои макроекономски и глобални политички фактори. Така што не можеме со сигурност да кажеме, но ако продолжи овој студен бран, можеме да очекуваме сличен тренд на цените да продолжи до крајот на јануари“, изјави за РТС Милош Младеновиќ, извршен директор на српската берза за електрична енергија СЕПЕКС.

Во Србија снабдувањето е стабилно, а само од средата потрошувачката на струја е зголемена за една петтина.

„Производството е стабилно. Во првите 10 дена од јануари е извезена и продадена струја во вредност од 78.000 мегават-часови, при што е остварен приход од околу 6,7 милиони евра“, изјави за РТС Давид Жарковиќ, извршен директор за енергетско портфолио во ЕПС.

Можеби ќе ве интересира

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ЕДНО ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЛИШТА ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Голем удар за љубителите на овој спорт

ЕДНО ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЛИШТА ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Голем удар за љубителите на овој спорт

Најмлада, но далеку од најмала! Која е државната трговска фирма која направи 68 милиони евра приход за само 9 месеци!

Најмлада, но далеку од најмала! Која е државната трговска фирма која направи 68 милиони евра приход за само 9 месеци!

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН: Дали ќе се комплицира и заминувањето на работници во странство?

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН: Дали ќе се комплицира и заминувањето на работници во странство?

ШТО Е НАЈЕВТИНО А ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ ДОМОТ? Еве го објаснувањето од експертите

ШТО Е НАЈЕВТИНО А ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ ДОМОТ? Еве го објаснувањето од експертите

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот