ЗГОЛЕМЕНИ СЕ КАМАТНИТЕ СТАПКИ: Бизнисите во Русија се плашат од банкрот
Објавено во: Економија 29 Октомври, 2024
Бизнисите во Русија се плашат од банкрот поради активностите на централната банка
Минатата недела руската централна банка ги зголеми каматните стапки на 21 отсто, нивото со кое институцијата ја спаси економијата во раните денови од војната во Украина. Целта е да се ограничи инфлацијата, која според официјалната статистика изнесува 8,4 отсто заклучно со 21-ви октомври.
Но, дури и бизнисмени блиски до рускиот претседател Владимир Путин почнаа да се грижат за тоа што се случува. Шефот на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов за руските медиуми коментираше дека високата каматна стапка и се заканува на индустријата во земјата со банкрот бидејќи ја зголемува цената на позајмениот капитал, пишува „Newsweek“.
Според директорот на „Ростех“, меѓу најпогодените се компаниите како неговата – развиваат високотехнолошки производи, бидејќи авансните плаќања од клиенти покриваат 30-40 отсто од вредноста на производството, а остатокот се од кредити. Сега високите каматни стапки јадат во профитните маржи.
Стравувањата на бизнисменот се дека руската економија оди кон стагфлација – бавен економски раст и неможност да се контролира инфлацијата.
Инфлацијата во Русија е поттикната од плаќањата за војната во Украина, кои постојано растат. Затоа централната банка изјави дека каматите може да бидат зголемени на следната седница закажана за 20-ти декември.
Руската економија може да издржи уште неколку години војна.Washington Post (WP) објави дека големите трошоци на Кремљ за војната против Украина ја туркаат руската економија кон прегревање, но дека таа има доволно ресурси за да ја одржи војната уште неколку години.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.