15 Декември, 2025
0.1462

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СУДИСКИОТ СТАЖ ОД 6 НА 15 ГОДИНИ“: еве какви промени најавува Министерство за правда за Судскиот совет

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2024 10:18

Добивај вести на Viber

Судиски стаж од 15 години како услов за членовите на Судскиот совет од редот на судиите. Зголемување на работното искуство од 15 на 20 години како услов за членовите на Судскиот совет избрани од Собранието на Република Северна Македонија. 

Ова се дел од измените кои ги најавува Министерството за правда како мерки кои се преземаат со цел имплементирање на препоракатите од Оценската мисија на Европската унија за Судскиот совет.

- Во досегашното спроведување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија беа лоцирани одредени недостатоци, за чие што надминување од страна на Оценската мисија на Европската Унија беа дадени конкретни предлози. Министерот за правда формираше Работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија согласно дадените препораки од Оценската мисија на Европската Унија. Работната група одржа 23 состаноци на кои беа адресирани релевантните препораки од Оценската мисија - соопштуваат од Министерството за правда. 

Од таму додаваат дека согласно Развојната секторска стратегија за правосудство предвидено е ревидирање на одредбите од Законот за Судскиот совет на Македонија кои се однесуваат на индивидуалната дисциплинска одговорност на членовите на Советот со посебен фокус на дефинирање на причините поради кои може да се иницира постпаката, органот/телата кои ќе постапуваат и правото на жалба.

- Во Стратегијата е предвидено да се постапи согласно препораките од извештајот од Оценската мисија на Судскиот совет. Целта на законските измени е да се зајакне независноста на судството, како и професионалноста и одговорноста на членовите на Судскиот совет - посочуваат од Министерството.

Од оваа институција велат дека најважни новини кои се предлагаат во Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, а се засновани врз основа на насоките на Оценската мисија на ЕУ се:

1. На огласот на Собранието на Република Северна Македонија за избор на член на Совет, свои предлози за член да даваат:

- Интеруниверзитетската конференција, со кандидати од редот на редовни професори по право со професорски стаж од најмалку 20 години од првите три најдобро рангирани универзитети во државата;

- Адвокатската комора на Република Северна Македонија со кандидати од редот на адвокатите со адвокатски стаж од најмалку 20 години

2. Зголемување на судискиот стаж од шест на 15 години како услов за членовите на Судскиот совет од редот на судиите

3. Зголемување на работното искуство од 15 на 20 години како услов за членовите на Судскиот совет избрани од Собранието на Република Северна Македонија

4. Регулирање на начинот на избор на членови на Советот од Собранието на Република Северна Македонија, следејќи го компаративното искуство за избор на членови во ДКСК согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси

5. Воведување на изборен цензус за изборите на членови во Судскиот совет од редовите на судиите, и тоа за успешни да се сметаат изборите на кои излегле повеќе од половина запишани избирачи за таа изборна единица

6. Воведување на правило согласно кое за да биде избран член на Советот од редовите на судиите, кандидатот треба да добие повеќе гласови од половината од излезените гласачи.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани