24 Мај, 2024
0.1881

Зголемувањето на платата во образованието од 10 отсто пред пропаѓање?

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Виси најавеното зголемувањето на платите од 10 отсто на наставниците и професорите, особено оние  во високото образование чија пресметка треба да започне од денес - 1 февруари, откако беше договорено тие да бидат реализирани откако ќе биде усвоен соодветниот закон. 

Ова го најави ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Никола Јанкулоски, во писмена изјава, по средбата со претставници од Владата, додавајќи дека е несфатливо како одредени лица се спротивставуваат  нивните колеги да ги остварат своите права и заштитата на колективните интереси.

Тој потврди дека на вчерашната средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми и ректорите на јавните универзитети било соопштено дека техничката влада во овој момент се враќа на првобитниот став, предложен од ректорите, дека зголемување од 10 отсто ќе се реализира со измена на соодветен закон. 

„Исто така, договорено е во меѓувреме новоформираните синдикални организации на универзитетите да продолжат со нивните активности. Синдикатите на универзитетите како самостојни, демократски, независни и непартиски организации на членови кои доброволно се здружиле заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси, ќе продолжат активно да делуваат на подобрувањето на условите за работа и стандардот на вработените во високото образование.
На крајот, би сакал да ја поздравам одлуката за основање на синдикални организации на вработените во јавните универзитети. За мене како вработен на УКИМ непоимливо е одредени поединци да се спротивставуваат на волјата и правото на здружување на своите колеги заради остварување на права и заштита на колективните интереси“, објави Јанкулоски.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на редовната седница на Економско Сицијалниот Совет побара од министерството за труд и социјална политика да не го регистрира новиот синдикат за високо образование.

Првиот човек на Самостојниот синдикат за образование наука и култура најави дека ќе бидат поднесени кривични пријави до оние коишто го иницираат и организираат синдикатот на универзитети. Нагласи дека за два дена се собрале 40 проценти од вработените кои пристапиле кон овој нов синдикат на универзитетот УКИМ.

Според Неделков, формирање на синдикат од страна на работодавач е противзаконски, противуставен чин и е против меѓународните конвенции, како и строго забрането е работодавачите да се мешаат во формирањето на синдикатите.

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, Благоја Ралповски истакна дека претходниот Економско – социјален Совет не работел според законот, бидејќи одлуките коишто ги носел биле без кворум, поради тоа што од КСС не учествувале на седниците, а според законот потребно е сите членови заедно да ги донесат одлуките поврзани околу социјалниот дијалог.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова се сретна со Папата, но средба со Радев немаше

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова се сретна со Папата, но средба со Радев немаше

МУЦУНСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР СО „ВРЕДИ“: Местото на ДУИ е во опозиција

МУЦУНСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР СО „ВРЕДИ“: Местото на ДУИ е во опозиција

ФПСМ: Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ при искачувањето на Хималаите имал проблеми, но е надвор од животна опасност

ФПСМ: Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ при искачувањето на Хималаите имал проблеми, но е надвор од животна опасност

СПАСОВСКИ: Во јавноста перцепцијата е дека сè што ќе побара ДУИ, СДСМ го дава

СПАСОВСКИ: Во јавноста перцепцијата е дека сè што ќе побара ДУИ, СДСМ го дава

ПРИЛЕП: Неколку девојчиња истепале соученичка

ПРИЛЕП: Неколку девојчиња истепале соученичка

KOВАЧЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Кога СДСМ ќе избира нoв лидер?

KOВАЧЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Кога СДСМ ќе избира нoв лидер?

РАДЕВ: На ред е претседателот на Северна Македонија, да дојде во Бугарија

РАДЕВ: На ред е претседателот на Северна Македонија, да дојде во Бугарија

УТРОВО ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОРОТ ВО СТРУГА: Мијалков е на слобода

УТРОВО ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОРОТ ВО СТРУГА: Мијалков е на слобода

„ДИЈАСПОРАТА ОВДЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИМЕНА СО РАШИРЕНИ РАЦЕ, НО НЕ Е ТАКА“ - еве какво искуство имал иселеникот Митре Кутановски, слушајте во новиот поткаст на Фактор

„ДИЈАСПОРАТА ОВДЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИМЕНА СО РАШИРЕНИ РАЦЕ, НО НЕ Е ТАКА“ - еве какво искуство имал иселеникот Митре Кутановски, слушајте во новиот поткаст на Фактор