03 Јули, 2024
0.0257

Железничкиот превоз во минус

Објавено во: Економија 28 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Товарниот сообраќај во железницата трпи последици, кои според Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај се резултат на кризата во Европа. Анализите покажуваат дека во 2014 година обемот на превоз кој изнесувал 2.376.000 тони, што  споредено со 2007 година кога изнесувал 4.686.000 тони е намален за повеќе од 50%. Ако пак, минтата година се спореди со 2009 година кога обемот на превоз изнесувал 2.929.000 тони, тогаш лани има намалување за 23%. Сепак, ако минатата година ја споредиме со 2013 година кога обемот на превоз изнесувал  2.282.000 тони, има раст од 4 % . Обем на превоз                      во тони
  • 2014 година                               2.376.000
  • 2013 година                               2.282.000
  • 2012 година                               2.539.000
  • 2011 година                               2.770.000
  • 2010 година                               3.097.000
  • 2009 година                               2.929.000
  • 2008 година                               4.206.000
  • 2007 година                               4.686.000
  • 2006 година                               3.800.000
  • 2005 година                               2.129.000
  • 2004 година                               2.641.000
Со анализата на структурата на стоката која се превезува со железницата во 2014 година се гледа дека таа најмногу се користи за превоз на производи и суровини од страна на компаниите кои стопанисуваат во металопреработувачката индустрија и рударството. А најголем дел од превозот е во меѓународниот превоз на стока и тоа 98,1% и тоа стока во увоз и стока која минува транзит низ Македонија. zelez2 Намален број на патници во возовите Бројот на патници кои патуваат со македонските возови во континуитет се намалува. За само една година бројот на патници во железничкиот сообраќај е намален за 6,2%, одноносно во 2013 година биле превезени  853.177 патници со возовите а во 2014 година се возеле 803.101 патници. Истовремено, има зголемување на патничките возни километри, но тоа е сепак негативен показате при значително намалување на бројот на патници, велат од Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај. Анализата на податоците покажува дека најголем број на патници се возеле во 2009 година, а оттогаш досега бројот е преполовен. zelez Односно, во 2009 година имало 1,5 милион патници во возовите кои сообраќале на македонските пруги, а лани 803 илјади патници, што е помалку дури и од бројот на ппатници што се превезувале во 2004 година.
  • 2014                     803.101
  • 2013                     853.177
  • 2012                  1.012.974
  • 2011                  1.421.403
  • 2010                  1.512.000
  • 2009                  1.523.000
  • 2008                  1.448.000
  • 2007                  1.101.000
  • 2006            1.011.000
  • 2005               903.000
  • 2004               917.000
  Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ОСТВАРИЛЕ ПРИХОДИ, АМА ГИ ЗГОЛЕМИЛЕ И ПЛАТИТЕ – извештајот на МАПАС открива како сработиле минатата година

ОСТВАРИЛЕ ПРИХОДИ, АМА ГИ ЗГОЛЕМИЛЕ И ПЛАТИТЕ – извештајот на МАПАС открива како сработиле минатата година

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија