Жена на 127 години почина во Мексико
Објавено во: Свет 21 Март, 2015 19:51
Во Мексико починала жена на 127 години, пренесе „Ројтерс“.
Леандро Бекер, родена во северната држава Тамаулипас на 31 август 1887 година починала во петокот во својот дом во Сапопан во западната држава Халиско.
Таа не е на списокот со највозрасните луѓе на светот, бидејќи не располагала со официјални документи, посочи Националниот систем за интегрален семеен развој.
Не се соопштува причината за нејзината смрт.
70-годишниот правнук Самуел Алвеар рекол дека едноставно престанала да дише.
Бекер често му раскажувала за мексиканската револуција од 1910 година прабаба му правела тортиљи за војниците и се сретнала со револуционерниот генерал Панчо Вилја.
Бекер имала пет деца, сите починати и 161 потомци.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




