Добивај вести на Viber
Симбол на протестите во Турција против власта на Ердоган стана жената во црвен фустан која полицаец од непосредна близина ја прска со солзавец. Оваа жена како и многу нејзини сонароднички е загрижена за правата на жените под власта на Ердоган и се бори против носењето превез во традиционално секуларната Турција, пренесува Дејли мејл.
Според Дејли мејл оваа фотографија повеќе пати била споделена на социјалните мрежи, а веќе се нашла и на постери и налепници, откако „Жената во црвено“ станала симбол на сите демонстрантки на антивладините протести во Истанбул.
-Насилството на полицијата врз мирните демонстранти, луѓето кои сакаат да се заштитат себеси и она што го сметаат за вредно“ е она што го покажува фотографијата, кажала Езра, студентка по математика од Бешикташ.
На ѕидовите на зградите во најголемиот турски град се залепени постери од непознат уметник на кои жената е претставена многу поголема од полицаецот.
„Колку повеќе нѐ прскате, ние повеќе растеме“, пишува на постерот.