06 Октомври, 2024
0.0262

Жерновски ја обвини ВМРО ДПМНЕ дека гради дивоградба, партијата му возврати, „Боемска улица“ е пералница на пари

Објавено во: Економија 05 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Станува жешко на политичката сцена. Денеска општина Центар лиферуваше соопштение во кое ја извести јавноста дека дел од зградата на ВМРО ДПМНЕ излегува надвор од градежната маркица, на туѓ имот. Од партијата не чекаа многу, рекоа дека работат и градат законски, а дека вистинската пералница на пари е проектот Боемска улица на Жерновски.  Објектот на партијата го гради Бетон. Инспекциските конторли покажале низа неправилности. Според соопштението од Центар,  инспекцијата констатирала дека инвеститорот има ставено во функција дел од објектот, иако објектот е во фаза на изградба па согласно законот нема употребна дозвола. Понатаму, увидот покажал дека над влезот на објектот има балкони и покриен дел, и покрај тоа што градежната маркица завршува само со објектот. Од Општина Центар велат дека објектот излегол од границите на градежната парцела и зафатил дел од државниот имот. Најавуваат продолжување на контролите и постапување според закон. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека целата постапка ја воделе крајно транспарентно, а дека постапките пред пштината Центар се во тек за финално добивање на употребна дозвола,. „Објектот во Центар се уште не е ставен во функција, а ВМРО-ДПМНЕ својата работа ја извршува во привремениот штаб, при што јавноста исто така беше информирана. За сите други аспекти постојат документи и чекори кои што се преземени и се во согласност со законите“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Од таму го обвинија Жерновски дека нема идеи и проекти, па се занимава со голи провокации. Градоначалникот на Центар треба да излезе и конечно да проговори за аферата околу перењето пари за шминкањето на „Боемска улица“, за која се потрошени над 500 000 евра, пари на граѓаните. Треба да ги објасни личните семејни, пријателски, бизнис и политички интереси со НСДП, Тито Петковски, пратеничката Соња Мираковска, сопственикот на фирмата „Изградба Комерц“ и треба да објасни како успеа да потроши толку големи средства за стотина квадрати бехатонски плочки, пишува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта