16 Јануари, 2025
0.0465

Жерновски: Власта продаде нешто што не е во нејзина сопственост по багателна цена

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Од општина Центар напоменуваат дека поминале точно година дена откако поднеле најлегитимно документ со одлука донесена едногласно, без разлика на партиската припадност на општинските советници, со која се бара враќање во владение на неизграденото градежно земјиште.
Документот е поднесен до Министерството за транспорт и врски на 17-ти февруари, 2014-та година. Општината испратила и ургенција на 5-ти септември, истата година.
Одговорот, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, е јасен зошто има молк цела година.

„Одговорот е јасен. Оние од власта, кои што се претставуваат како патриоти и домаќини, ја продадоа атрактивната парцела помеѓу арената Филип 2-ри и Паркот на Франкофонијата во Градскиот Парк за 40 евра по метар квадратен. Продавање на атрактивна земја за 40 евра е криминогено и безмилосно раскрчмување на атрактивно земјиште. Од првичните 2420 денари, со наддавање почетната цена е, замислете, зголемена за цели 220 денари", рече Жерновски.

Целата локација е со површина од 14.100 м2 но, рече Жерновски, тоа не е се’. На скопското Кале е огласено земјиште за продажба со почетна цена од 100 евра за метар квадратен, за изградба на објект во барокен или нео-класицистички стил.
Повторно, истакна градоначалникот на општина Центар Жерновски, Владата го продава она што не е во нејзина приватна сопственост.
Жерновски исто така посочи дека во интерес на општината е да се врати неизграденото градежно земјиште во владение на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села