30 Мај, 2024
0.0261

Жито Лукс донира брашно цела година во Интернатот за деца од социјално загрозени семејства „Гоце Делчев“

Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Во рамки на кампањата „Храна подарена од срце“, компанијата Жито Лукс во текот на целата година е донатор во неколку институции за згрижување на социјално ранливите категории.

Кампањата „Храна подарена од срце“ е одговор на потребата од донации на основниот прехранбен продукт за социјалните институции и установи. Интернатот за деца од социјално загрозени семејства „Гоце Делчев“ во село Љубанци е една од Институциите кои се дел од оваа кампања.

„Љубовта, вниманието и почитта се главни нешта кои секојдневно им ги подаруваме на нашите деца. На овој начин, покрај грижата која им ја пружаме, истовремено и претсавуваме пример за нив и за тоа како тие треба да се однесуваат кон своите блиски. Интернатот за згрижување на деца од социјално загрозени семесјтва е токму институција која им ги пружа овие нешта на децата сместени таму. Но тие имаат недостаток од други, материјални средства, и токму затоа сме тука ние како граѓани, родители но и како компании, кои со мала заложба може да пронајдеме различни начини да им помогнемe на лицата во неволја, како и на институцииите кои неуморно работат на згрижување на социјално загрозените граѓани“, изјави Лидија Трајковска Ристовска, Маркетинг Менаџер во Жито Лукс АД Скопје.

Донацијата на Жито Лукс се состои од продукти на компанијата кои ќе ги задоволат месечните потреби за леб и брашно на интернатот.

“Во Интернатот посветуваме големо внимание на нега и грижа на децата кои престојуваат тука, а спаѓаат во социјално ранливи категории и секоја помош е добредојдена. Насмевката на децата е бесценета кога ќе видат дека се подготвени нивните омилени јадења од највкусното брашно: пица, мекици, кифлички. Би сакале да изразиме голема благодарност до Жито Лукс за нивната несебична помош и поддршка и да ја поздравиме идејата на оваа кампања”, изјави Силвана Терзиева, директор на Интернатот.

Кампањата „Храна подарена од срце“ се одвива во континуитет при што компанијата избира различни институции и установи каде што потребата од помош и донација е најактуелна и најпотребна.

Оваа акција е само една од големиот број на активности кои ги организира Жито Лукс, со цел подобрување на квалитетот на животот на социјално ранливите категории. Преку спроведувањето на оваа кампања, компанијата истовремено и придонесува кон подигнување на јавната свест за потребата од вклучување на граѓаните, деловните субјекти и организациите во општествено хумани активности.

Можеби ќе ве интересира

По успешната деловна година, НЛБ Банка ќе исплати дивиденда во висина од 36,6 милиони евра

По успешната деловна година, НЛБ Банка ќе исплати дивиденда во висина од 36,6 милиони евра

Galaxy AI доаѓа на новиот Galaxy Watch и дополнително ги мотивира корисниците да го следат своето здравје

Galaxy AI доаѓа на новиот Galaxy Watch и дополнително ги мотивира корисниците да го следат своето здравје

Завршна изложба „Поглед кон Порта Европа“ во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Завршна изложба „Поглед кон Порта Европа“ во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Успешно заврши првата конференција за млади претприемачи и жени претприемачи „Круг на нови можности“ во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

Успешно заврши првата конференција за млади претприемачи и жени претприемачи „Круг на нови можности“ во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ на турнир од светската карате лига во Казабланка

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ на турнир од светската карате лига во Казабланка

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ВЛОЖУВА ВО ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ВЛОЖУВА ВО ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКА

ENplus® предупредува: се продаваат пелети со лажно деклариран квалитет, потрошувачите да внимаваат!

ENplus® предупредува: се продаваат пелети со лажно деклариран квалитет, потрошувачите да внимаваат!

Новиот Porsche 911: T-Hybrid за значително подобрени перформанси

Новиот Porsche 911: T-Hybrid за значително подобрени перформанси

НЕВЕРОЈАТНИ ОСУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ

НЕВЕРОЈАТНИ ОСУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ