06 Октомври, 2024
0.0267

„Жито Полог“ ги нуди на продажба своите акции во ЗК „Пелагонија“ и во ТТК Банка

Објавено во: Економија 02 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Книговодствената вредност на акциите според „Жито Полог“ е над 72,6 милиони денари, а ќе се продаваат по пазарна вредност што се утврдува на нашата берза „Жито Полог“ ќе ги продава своите акции во битолската компанија ЗК „Пелагонија“ и во „ТТК Банка“, одлучиле акционерите на компанијата во вторникот на седница на акционерското собрание. Намерата на акционерите е „Жито Полог“ да ги продаден неговите 23.811 акции со право на глас во битолска „ЗК Пелагонија“ и 40.258 акции со право на глас во ТТК банка. Ова значи дека ако бидат продадени акциите во двете компании, во ЗК „Пелагонија“ нови сопственици или сопственик ќе добијат 11,7 отсто од акциите со право на глас, а во ТТК банка 4,4 отсто од акциите ќе преминат во посед на нови акционери или на нов акционер. Кај акциите на ТТК Банка треба да се дополни и тоа дека и да биде едно лице нов акционер тогаш не мора да бара дозвола од Народна банка на Македонија заради тоа што не го надминува прагот од 5 отсто акции кој доколку се надмине е потребно, согласно Законот за банки, одобрение да даде и централната банка. Во својот биланс „Жито Полог“ акциите во ЗК „Пелагонија“ ги вреднува по единечна цена од 1.840 денари за акција односно вкупно според неговото книговодство тие вредат 43,81 милиони денари. Акциите пак на ТТК Банка во книговодството на „Жито Полог“ вредат 28,8 милиони денари односно 700 денари по акција. Во објавените документи пишува дека „Жито Полог“ ќе ги продава акциите по пазарна цена утврдена на денот на тргувањето – кога е реализирана купопродажбата. Во одлуката со која акционерите го задолжуваат директорот да ги продаде акциите не е наведен модалитетот на продажба односно дали ќе се тргуваат во класично тргување или во системски или административен блок. Како понудата на овие количества акции ќе влијае врз пазарот останува да видиме. На прв поглед толкаво количество акции и кај ЗК Пелагонија и кај ТТК Банка кои би се понудиле во класично тргување, со оглед на актуелната ниска ликвидност, би можело да ги намали цените и на двете акции. Но не е исклучена можноста дека може да има купувачи на пакет или на повеќе блокови акции. Последната цена на акцијата на ТТК Банка е 490 денари и е пониска од книговодствената вредност утврдена од „Жито Полог“. Од друга страна пак, според официјалните податоци на ТТК Банка објавени на берзата книговодствената вредност на нивната акција е 1.146 денари. Кај ЗК Пелагонија последната пазарна цена е 1.750 денари, а последното тргување е реализирано на 5 јуни годинава. Оваа цена е блиска до книговодствената вредност од билансот на „Жито Полог“. Според официјалните податоци објавени на берзата од билансот на ЗК „Пелагонија“ книговодствената вредност на таа акција е 11.886 денари. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта